Вечерва изгрева „розовата супермесечина“! (ФОТО)

„Ќе биде светла и брилијантна и апсолутно прекрасна“.

Вечерва (7 април), ако погледнете на ноќното небо, ќе ја видите „розовата супермесечина“, најголемата супермесечина во годината, која сјае голема и светла.

Полната месечина е перигеј-сизигија, што значи дека е најблизу до Земјата - оддалечена 356.907 километри - и дека Земјата, месечината и сонцето се наредени во права линија. Ова значи дека кога месечината е перигеј-сизигија, таа изгледа поголема и посветла од вообичаеното. Но затоа што перигеј-сизигија не е многу привлечно име, се појави терминот „супермесечина“ и оваа полна месечина дополнително беше наречена „Розова супермесечина“.

За жал, тоа не значи дека месечината всушност ќе биде розова. Оваа супермесечина го доби своето име затоа што априлската полна месечина често се совпаѓа со цветањето на розовите цвеќиња во источна Северна Америка. Сепак, таа „ќе биде светла и брилијантна и апсолутно прекрасна“, изјави Џеки Фаерти, астрономка во Американскиот музеј за природна историја во Њујорк.

Додека толку многу луѓе во моментов се самоизолирани дома со своите семејства, оваа „Розова супермесечина“ е одлична можност да се забавувате и да учите, вели Фаерти.

Еве како изгледа розовата супермесечина гледана од Скопје.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено

Вторник, Април 7, 2020 - 20:51

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе