Вчера експлодираше прототипот на вселенското летало на Маск, а денес треба да ја лансираат капсулата на Спејсекс (ВИДЕО)

Вчера експлодираше прототипот на вселенското летало СН4 на фирмата Спејсекс чиј сопственик е милијардерот Илон Маск.

EPA-EFE

Експлозијата се случи во сојузната држава Тексас, кај местото Бока Бока, каде што се наоѓа објектот на Спејсекс за тестирања.

Пред два дена истот летало, прототипот СН4, беше успешно лансирано, но во новото тестирање дојде до голема експлозија. Експлозијата се случила една минута пред краток тест на погонот. Леталото било голтнато од голема огнена топка. Сѐ уште не е познато што ја предизвикало експлозијата.

Спејсекс со овој прототип на летало планира во вселената да испрати и до 100 луѓе.

Американската компанија денес повторно ќе се обиде да ја лансира капсулата Кру драгон со астронаути на НАСА.

Првиот обид за лансирање во средата не беше реализиран поради лошо време, па патувањето на астронаутите на Меѓународната вселенска станица (ИСС) беше одложено за денес, иако ни сега временската прогноза не е идеална.

Оваа мисија е важна затоа што САД испраќаат луше на ИСС за првпат од прекинот на шатл програмата на НАСА во 2011 година.

НАСА за првпат во историјата користи приватна компанија за транспорт на екипаж во вселената.

Ако лансирањето биде успешно, летот до ИСС ќе трае 19 часа. Планирано е астронаутите да останат на вселенската станица најдолго четири месеци.

Спејсекс со НАСА потпиша договор вреден 2,6 милијарди долари, кој вклучува шест лета до ИСС.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе