Истражување

Вакцината против ковид на кинеската компанија Синовак предизвикува брз имунолошки одговор

Експерименталната вакцина за ковид-19 Коронавак, на кинеската компанија Синовак бајотек, предизвикува брз имунолошки одговор кај тестираните, но нивото на создадените антитела е пониско отколку кај луѓето кои оздравеле од таа болест, покажаа првичните резултати на истражувањата објавени денес.

EPA-EFE

Иако истражувањата во раната и средната фаза (првата и втората) не биле предвидени за проценка на ефикасноста на Коронавак, истражувачите велат дека вакцината може да пружи доволна заштита, а своите заклучоци ги темелат на искуството со останатите вакцини и податоците од предкличките студии на макаки мајмуни.

Резултатите од оваа студија следат по оптимистичните вести на Бајонтек/Фајзер и Модерна, како и на руските научници кои работат на вакцината, а прелиминарните податоци од тестирањата во третата фаза покажаа дека нивните експериментални вакцини се ефикасни над 90 отсто.

Коронавак и уште четири експериментални вакцини кои се развиваат во Кина во моментов се во доцната, трета фаза на истражувањата и се утврдува нивната ефикасност во превенција на ковид-19.

Рецензираните резултати на компанијата Синовак, кои се објавени во медицинскиот магазин Лансет инфекш дизизис, произлегле од клиничките тестирања во првата и втората фаза спроведени во Кина во кои учествувале над 700 доброволци.

„Нашите откритија укажуваат дека Коронавак е во состојба да предизвика брз имунолошки одговор во рок од четири недели од вакцинирањето кое се спроведува во две фази во период од 14 дена“, кажа Жу Фенгцаи, еден од научниците кои работат на вакцината.

Експертите велат дека резултатите од поголемите подоцнежни студии или тестирања во третата фаза ќе бидат пресудни за да се утврди дали имунолошката реакција на организмот по вакцинирањето со Коронавак е доволна да ги заштити луѓето од зараза со коронавирусот. Синовак во моментов спроведува три тестирања од третата фаза во Индонезија, Бразил и Турција.

Коронавак една од трите експериментални вакцини против ковид-19 кои Кина ги користела за вакцинирање стотици илјади луѓе во рамки на итната програма.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе