Вака изгледа Марс: Кинеска сонда испрати фотографии (ФОТО)

Кинеската сонда Тианвен-1 ја испрати на Земјата својата прва снимка од Марс, соопшти Кинеската вселенска агенција додека мисијата се подготвува за слетување на планетата подоцна годинава.

Screenshot

Леталото испратено во вселената во јули, во исто време кога и американската мисија, би требало да влезе во орбитата на Марс околу 10 февруари.

На фотографијата, која ја објави кинеската Национална вселенска администрација (КНСА), се гледаат кратерот Скијапарели, и Валес Маринерис, големите кањони кои се простираат по површината на Марс.

Фотографијата е снимена од оддалеченост од 2,2 милиони километри, наведува КНСА и додава дека нивното летало сега е оддалечено 1,1 милион километри од планетата.

Кина се надева дека ќе успеат да ги испратат роверот во Утопија, големиот кратер на Марс, во мај.

Пекинг вложи милијарди долари во својата вселенска програма, која ја води владата, и првпат испратија човек во вселената во 2003. Целта им е да изградат станица во Земјината орбита до 2022 година.

Марс отсекогаш бил предизвик за астронаутите особено поради тоа што повеќето мисии кои ги испратија САД, Русија, Европа, Јапонија и Индија од 1969 година пропаднаа.

Кина испрати и два ровери на Месечината, и еден од нив успеа успешно да слета на далечната страна на Земјиниот сателит.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе