Вселенскиот телескоп

Уживајте во две брилијантно разнобојни глетки на далечни ѕвезди, подарок од Хабл (ФОТО)

Земјата деновиве ве депримира? Одморете од неа и погледнете кон ѕвездите.

НГЦ 6302, маглината Пеперутка (фото: НАСА)

Две новообјавени фотографии од вселенскиот телескоп Хабл на нас, Земјаните, ни прикажуваат импресивни глетки на две далечни небесни тела. Двете се фотографии од планетарни маглини, а секоја од нив изобилува со вонземски бои и светлини.

Нека не ве залажува името. „Планетарната маглина“ е како и секоја друга маглина: област од прашина и гас што служи како расадник на нови ѕвезди. Придавката „планетарна“ во името на овие две маглини (меѓу другите) датира уште од нивното откривање од првите астрономи, кои ги именувале така поради нивната тркалезна форма.

Новите фотографии ни ги прикажуваат НГЦ 6302, со прекар маглина Пеперутка (веројатно можете да претпоставите од каде ѝ дошол прекарот); и НГЦ 7027, или маглина Златна Буба.

НГЦ 7027, или маглина Златна Буба (фото: НАСА)  

Во статијата за објавувањето на новите слики на Хабл се истакнува дека иако двете маглини и претходно биле фотографирани, тоа се нема случено долго време. Ова е исто така првпат да ги гледаме преку леќите на Широкоаголната камера 3 на Хабл - што значи дека сликите опфаќаат широк опсег од визуелниот спектар, од „близу ултравиолетова до близу инфрацрвена светлина“.

Знаете дека се работи за кул работа кога научниците што го добиваат новиот материјал ќе се возбудат.

„Овие нови набљудувања со мултибранова должина на Хабл овозможуваат најсеопфатен преглед на обете спектакуларни маглини“, рече Џоел Кастнер од Институтот за технологија Рочестер, кој ја предводеше новата студија. „Додека ги преземав добиените слики, се чувствував како дете во слаткaрница“.

Овие маглини се особено значајни поради тоа колку брзо (релативно кажано) се разбиваат. Астрономите можеа да забележат промени на секое од овие небесни тела во период од само неколку децении. Она што ние го гледаме како убави бои и халуциногени модели всушност им дава на истражувачите еден вид патоказ, овозможувајќи им да ја следат историјата на шок-брановите што ги менуваат маглините.

Се верува дека овие ѕвездени формации се формираат околу „срце“ што се состои од две ѕвезди што орбитираат една околу друга. Токму тоа движење наводно ја предизвикува необична форма на секоја маглина.

Во сликата на маглината Пеперутка, матната лента во форма на Ѕ со црвена и портокалова боја, која доаѓа од инфрацрвениот крај на спектарот, е всушност јонизирани атоми железо. Ова, како пример за тоа како истражувачите ги користат сликите за да ја прикажат историјата, е резултат на „енергични судири помеѓу бавни и брзи ветрови“ во далечната вселена.

Во меѓувреме, концентричните кругови на маглината Златна Буба сугерираат дека маглината полека се распаѓа - „отпафкувајќи си ја масата“, се наведува во статијата - сè до неодамна (пак во релативна смисла, бидејќи дури и за „брзите“ промени на ова скалило е потребно долго време).

Објавено

Четврток, Јуни 25, 2020 - 17:52

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе