Уредите со ултравиолетово зрачење можат да го уништат коронавирусот во воздухот

Уредите на таваните кои емитираат безбеден облик на ултравиолетово зрачење можат да бидат многу успешни во уништувањето на коронавирусот во воздухот, покажала студија на универзитетот Колумбија.

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

„Со многу мала изложеност на долгите ултравиолетови зраци се уништени повеќе од 99,9 проценти од вирусите изложени на неговото делување“, рече водачот на истражувањето д-р Дејвид Бренер за Ројтерс.

Научниците ги распркале честичките на коронавирусот во мали капки во воздухот пред изворот на долгите ултравиолетови зраци, а потоа ги собрале за да ги тестираат и да видат колку сè уште се активни.

Според резултатите од студијата објавена во Сајантифик репортс научниците користеле коронавирус што предизвикува обична настинка.

„Во дополнителните студии, кои сè уште траат, утврдивме дека коронавирусот, кој го предизвикува ковид-19, бил уништен на ист начин со долгата ултравиолетова светлина“, вели Бренер.

Идејата е во сите јавни простори да се инсталираат тавански извори со долга ултравиолетова светлина каде постојано би се уништувале микроби, вклучувајќи го и вирусот што го предизвикува ковид-19, со што ќе се ограничи ширењето на вирусот“, вели Бренер, додавајќи дека производителите на изворите на ултравиолетова светлина веќе го подготвуваат нивното производство.

„На долгата ултравиолетова светлина не гледаме како на алтернатива на маските и мерките за социјално дистанцирање“, истакнува Бренер.

„На тоа гледаме како на дополнително оружје што можеме да го користиме во борбата против ковид-19“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе