Кажете им на сите - можеме

Уморни од коронавирусот? Еве 10 добри приказни што ви требаат во моментов

Животот за време на глобална пандемија носи некој надреален квалитет. Но постојаното присуство на социјалните мрежи и константната лавина од вести за коронавирусот може да станат напорни, особено ако веќе почнавте да чувствувате немир.

Саенс алерт собрал купче најнови научни вести за кои смета дека се инспиративни, охрабрувачки и вредни за читање во овие тешки времиња.

1. ЦРИСПР-технологијата е првпат употребена за да се испроба лек за генетското слепило

Први во светот, хирурзите од Институтот за здравство и наука во Орегон ја употребија техниката за уредување на гени ЦРИСПР за да испробаат лек за Леберовата конгенитална амауроза, ретка генетска болест што предизвикува слепило во раното детство.

Додека ги чекаме резултатите за тоа како излегол овој експеримент, ова достигнување се приклучува на списокот на други медицински начини на употреба на техниката, вклучувајќи ја и потрагата по лек на Хантингтоновата болест, херпесот, ХИВ и имунотерапијата за некои видови карцином.

Живеењето во време кога медицинските истражувачи ја имаат на располагање оваа моќна алатка секако е добра вест.

 

2. Уште 60.000 примероци на семе се додадени во арктичкиот трезор на семиња во Свалбард

Во февруари, огромна залиха од 60.000 примероци семе беше додадена во Свалбардскиот светски семенски трезор, сместен во планина во норвешкиот архипелаг Свалбард, вклучувајќи ги и првите резерви од „старото семе“, т.н. „генерациска сорта“ на американското домородно племе Чероки.

Зголемувањето на резервите во оваа „безбедна куќа“ на земјоделските култури е резултат на сè поголемата загриженост на светот поради потенцијалното губење на биолошката разновидност и безбедноста на храната - но овие активности им демонстрираат и една убава посветеност на нашите идни генерации.

3. Една од потенцијалните универзални вакцини против грип помина важна фаза на клинички испитувања

Видовите вируси што предизвикуваат грип го менуваат обликот и постојано ја надминуваат нашата способност да се заштитиме од нив - така што, потребни ни се годишни вакцини за грип за да ја преболиме оваа болест. „Универзалната“ вакцина против грипот би ни дала огромна предност во оваа трка, а сега имаме и еден навистина надежен кандидат.

Вакцината, наречена ФЛУ-в, успешно ги помина клиничките испитувања од првата и втората фаза, покажувајќи дека е безбедна кај човечки субјекти; откриено е дека предизвикува имунолошки реакции што траат најмалку шест месеци. Едвај чекаме да ги видиме резултатите од следната фаза на испитувања.

4. Научниците измислија контактни леќи што можат да го поправат црвено-зеленото слепило

Нов вид контактни леќи може да ги средат ограничувањата на спектарот на бои кај луѓето чии очи се мачат да ги раздвојат зелените и црвените нијанси.

Оваа брилијантна технологија веќе постои во некои паметно дизајнирани очила за сонце; наскоро, на луѓето тоа може да им биде достапно во многу удобен облик на леќи за очи, благодарение на тим од инженери од Универзитетот на Тел Авив.

5. Пациент е прогласен за „излечен“ од ХИВ - а не е ни првиот

Истражувачите објавија дека по втор пат, пациент што носи ХИВ-вирус е прогласен за излечен, без трага од инфекција во неговата крв 30 месеци откако престанал традиционалниот третман, подложување на специјализиран вид терапија со матични клетки.

Ова достигнување не претставува општ лек, затоа што пациентот имал и еден вид лимфом што му овозможил да го добие овој експериментален третман; но тоа покажува вистински напредок во медицинската наука и покажува дека научниците се во можност да прават подвизи како никогаш досега.

6. Ниуе е прогласена за првата „Нација на мрачното небо“ во светот

Малата јужнопацифичка нација Ниуе неодамна доби една уникатна почест, кога стана првата земја што официјално беше акредитирана како Меѓународно место на мрачното небо.

Оваа акредитација ја дарува Меѓународната асоцијација на мрачното небо (ИДА), непрофитна организација задолжена за зачувување на природно мрачната ноќна околина, бранејќи ја од наметливите нарушувања на вештачкото светлинско загадување.

Бескрајни се научните истражувања што ги прикажуваат негативните ефекти од светлинското загадување, без оглед дали се врз животни, растенија или здравјето на луѓето; оваа чест истакнува дека потребата од навистина мрачно ноќно небо станува поважна од кога било.

7. Најдовме чист метод за производство на водородно гориво што е 25 пати поефикасно

Водородното гориво е една од поперспективните опции за нулта емисија на гасови, само кога би можеле да го произведеме евтино и без потреба од ненормални количества енергија.

Сега, тим истражувачи во Токио успеаја да го сторат токму тоа, рафинирајќи метод што произведува водородно гориво користејќи само неколку основни состојки, вклучително и светлина и одреден вид 'рѓа. Новата студија покажува дека овој метод дава 25 пати повеќе водород од постојните методи.

8. Постои еден одличен начин за складирање обновлива енергија и веќе ја имаме потребната технологија

Кога сме кај одржливоста, еден од најголемите предизвици за широко распространетата примена на обновливите извори останува проблемот со складирањето големи резерви. Сепак, постои едно одлично решение за овој проблем - пумпно термичко складирање на електрична енергија. Овој пристап ја складира електричната енергија со нејзино претворање во топлина, а потоа со помош на мотор ја враќа назад во електрична енергија кога е потребно.

За разлика од пумпната хидроцентрала, која бара специфични географски услови, овој вид складирање може да се изгради на многу места, а користи термодинамички принципи за складирање на електрична енергија во форма на топлина. А најдобриот дел? Веќе се тестира во пробни станици.

9. Неточниот труд во кој Сонцето се обвинува за климатските промени е повлечен

Во јуни 2019 година еден необичен труд ја разбранува јавноста, откако беше објавен во Саентифик рипортс. Научната заедница брзо ја изрази својата загриженост во врска со оваа неточна студија, која тврди дека движењата на Сонцето се вистинската причина за антропогеното глобално затоплување.

Сега, уредниците на добро познатото списание објавија известување дека документот се повлекува, ги објаснија грешките и покажаа дека дури и ако нешто неточно првично успее да се протне низ рецензиите, научниот процес сè уште е ригорозен за да ја поправи грешката. За овој фасцинантен случај во целост можете да прочитате овде.

10. Во моментов постојат 76 решенија што можат да ги забават климатските промени

Новиот извештај на непрофитниот проект Повлекување содржи неверојатни 76 решенија што светот веќе ги има при рака ако сакаме да ги забавиме климатските промени. Овие стратегии - од менување на нашите средства за производство на енергија, до намалување на отпадот од храна - се протегаат во сите сектори.

Покрај тоа, овие решенија се и поевтини од одржувањето на статус квото (познато и како „немрдање со прст“). Проектот Повлекување проценува дека доколку ги примениме овие 76 решенија, тоа би резултирало во заштеда до околу 144 трилиони американски долари за да се избегнат климатските штети и трошоците за здравствена заштита поврзани со загадувањето. Кажете им на сите - можеме да го сториме тоа.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе