Турски дрон успешно неутрализирал руски противвоздушен систем (ВИДЕО)

Руските медиуми објавија снимка на која се гледа како турски дрон „бајрактар ТБ2“ успешно неутрализира две ракети од противвоздушниот систем „ОСА“.

EPA-EFE

По лансирањето, првата ракета го пресретнува турскиот дрон со својот термички сензор и го надгледува неговото движење. И токму кога се очекува ракетата да го погоди дронот, тој го менува курсот, оставајќи го „бајрактар“ нечепнат. Слично се случило и со втората ракета.

Руски воени експерти објасниле зошто двете ракети не го погодиле турскиот дрон, и покрај успешното пресретнување.

Според нив, причината е едноставна – „бајрактар ТБ2“ има совршен систем за електронско војување. Кога ракетите се приближиле на оптимална оддалеченост од беспилотното летало, неговите системи за заштита се активирале и успеале да ја „спржат“ плочата за електронско наведување. Тоа автоматски значи дека сензорот за топлина повеќе не работи и дека ракетата не ја гледа целта.

„Бајрактар ТБ2“ е турско беспилотно летало од средна надморска височина, со долг дострел, способно за далечинско управување или автономни летечки операции.

Го произведува турската компанија Бајкар, пред сè за турското воено воздухопловство. Дронот го надгледува и контролира екипа во копнена контролна станица, вклучувајќи ја употребата на оружје, преку сателитот Турксат.

За развојот на турскиот дрон главно е заслужен Селџук Бајрактар, поранешен студент на Институтот за технологија на американскиот Универзитет Масачусетс (МИТ).

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе