Анкара

Турција веќе нема да ги запира сириските бегалци во обидите да стигнат до Европа

Турција одлучи повеќе да не ги спречува сириските бегалци кои се обидуваат да стигнат до Европа по копно и море, изјави турски официјален претставник.

Изјавата беше дадена во пресрет на масовно движење на бегалци од сириската провинција Идлиб, каде има еден милион раселени лица.

„Турската полиција, крајбрежната стража и граничарите добија наредба да се држат настрана“, рече тој за западни медиуми.

Гувернерот на турската област Хатај, Рахми Доган, изјави синоќа дека бројот на загинатите турски војници во воздушниот напад во Идлиб се искачи на 33 лица, јави Анадолија. 

MИА

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе