Турција на Русија ѝ ја гарантира безбедноста на податоците за С-400

Турција ја гарантира безбедноста на податоците за ракетните системи С-400 купени од Русија, изјави Исмаил Демири, турскиот функционер задолжен за воената индустрија.

EPA-EFE

„Русија изрази загриженост поради (безбедноста) на податоците за С-400, и Турција ветува дека ќе ги штити“, изјави Демир за еден турски весник, а пренесува руската агенција ТАСС.

Минатиот месец американскиот сенатор Џон Тун предложи амандман на законот за национална одбрана според кој САД би можеле да ги купат системите С-400 од Турција, а со тоа, како што јави американскиот весник Дифенс њуз, би била надмината пат-позицијата меѓу Вашингтон и Анкара околу учеството ан Турција во американската програма за производство на ловците од петтата генерација Ф-35 „лајтнинг 2“.

Белата куќа претходно соопшти дека одлуката на Турција да ги купи системите С-400 го оневозможува трајното учество на таа земја во проектот за производство на ловците Ф-35.

Русија во септември 2017 соопшти дека потпишала договор вреден 2,5 милијарди долари за испораки на системи С-400 на Турција, а првата испорака беше извршена во јули минатата година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе