Првиот за претседателот

Турција го претстави првиот домашен електричен автомобил, се планира на патиштата во 2022 (ВИДЕО)

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган прв изврши преднарачка за турскиот домашен електричен автомобил на свечената промоција на прототипот на возилото.

„Денес сме сведоци на остварувањето на 60-годишниот турски сон. Нашиот сон беше да имаме автомобил произведен со домашна технологија, кој ќе го носи нашето име во светот. Баравме храбри луѓе да го направат тоа и сега ги имаме“, кажа Ердоган.

Тој додаде дека фабриката ќе биде изградена на земјиште со површина од еден милион квадратни метри, кое ѝ припаѓа на турската војска во Бурса, и истакна дека Турција ќе го спречи секој обид да се попречи производството на автомобилот.

„Успеаја да го спречат производството на „деврим“, но овој автомобил нема да можат да го спречат“, кажа Ердоган.

Турција прв пат се обиде да произведе сопствен автомобил во 1961 година. Производството на моделот „деврим“ (револуција) никогаш не мрдна од фазата на прототип. Ердоган кажа и дека тој е првиот кој предал преднарачка за новиот турски автомобил, по што седна зад воланот на едното од двете возила кои беа претставени денес. Едниот автомобил беше со црвена, а другиот со бела боја, за да го симболизираат турското знаме.

Рифат Хисарчикоглу, шеф на Здружението на комори и стокови берзи на Турција (ТОББ), кажа на свеченоста дека во овој проект во текот на 15 години ќе бидат вложени вкупно 22 милијарди турски лири (3,7 милијарди долари). Гуркан Каракаш, директорот на турската групација за автомобилска иницијатива (ТОГГ) кажа дека автомобилот е дизајниран како паметен уред компатибилен со интернет и дека планираат да се најде на турските патишта во 2022 година.

„Предвидено е целосно електричниот автомобил да има две конфигурции на моторот: од 200 коњски сили или 400 коњски сили. Производните погони треба да бидат завршени во 2021 година, а првиот автомобил ќе биде произведен во 2022 година“, наведе Каракаш.

Се очекува во погоните да бидат вработени околу 4.500 луѓе, вклучувајќи 300 квалификувани кадри. Електричниот автомобил ќе се произведува во пет различни модели во количество од 175.000 парчиња годишно. Автомобилот ќе има радиус од 500 километри и литиум-јонска батерија од домашно производство која, според медиумите, ќе може да се наполни до 80 отсто за помалку од 30 минути.

Бидејќи поради вонредната состојба не сме во можност да излеземе на стандардни протести пред Владата, нашиот протест ќе го искажеме преку социјалните мрежи и медиумите, за да се слушне и да се види за нашето незадоволство, велат голема група фризери, бербери, козметичари..., кои се едни од најпогодените од вонредната состојба и изолациите. Нивното писмо до нашата редакција го пренесуваме во целост.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе