Тројца астронаути се вратија од Меѓународната вселенска станица, во вселената беа 185 дена (ВИДЕО)

По повеќе месеци поминати на Меѓународната вселенска станица (ИСС), тројца членови на екипажот се вратија безбедно на Земјата.

Фото: ЕПА

Капсулата Сојуз, во која се наоѓаа космонаутите Сергеј Куд-Сверчков и Сергеј Рижиков и астронаутката на НАСА Кејт Рубинс, слета во казахстанската степа, покажаа снимките во живо од руската вселенска агенција Роскосмос.

„Екипажот се чувствува добро. Добредојдовте на Земјата!“, напиша директорот на Роскозмос, Дмитриј Рогозин, на Твитер.

Капсулата прво се појави како точка на небото. Последните неколку километри таа се спушташе со огромен падобран. Кога слета на земја, околу неа кружеа хеликоптери со спасувачки екипи.

Тројцата членови на екипажот на ИСС слетаа на околу 147 километри југоисточно од средноазискиот град Језказган.

Неколку часа пред тоа, капсулата Сојуз се одвои од ИСС, како што беше планирано.

Членовите на екипажот одлетаа во вселената пред неколку месеци. Тие поминаа 185 дена на човечката станица оддалечена од Земјата 400 километри.

Научниците довршија многу експерименти, но мораа да се справат со истекувањето воздух на станицата.

Само една недела пред тоа тимот доби засилување, па имаше 10 члена на екипажот што привремено престојуваа на станицата.

Снимките во живо ги покажуваат и тројцата членови на екипажот како се извлекуваат од капсулата по слетувањето и се смеат.

Меѓу другото, им беше измерен крвен притисок и веднаш им беа дадени маски поради пандемијата на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе