Извор на вода што одржува над четвртина свет

Третина од хималајските глечери ќе се стопи до крајот на веков, во најдобар случај

Најмалку една третина од хималајските глечери, едни од највиталните водни ресурси во светот, се предвидува дека ќе се стопи до крајот на овој век, дури и ако се постигнат најамбициозните чекори за запирање на глобалното затоплување, вели нова научна студија.

А ако не се направи ништо и ако емисиите на гасови со ефект на стаклена градина продолжат со ова темпо, таа загуба би можела да се зголеми на две третини до 2100 година, се вели во извештајот Процена за Хинду Куш Хималаја.

Појасот Хинду-Куш и Хималаја се протега над 3.000 километри, од Авганистан до Кина, и обезбедува извор на вода што одржува повеќе од четвртина од светското население, вели студијата. Познат како „Трет пол“ поради огромните количества мраз, во појасот се наоѓаат некои од најголемите планини во светот, како што се Еверест и К2. Уништувањето на овие врвови и на водотеците што ги хранат може да предизвика нарушување во снабдувањето со храна и вода, поплави, и да доведе до масовно раселување.

„Ова е климатска криза за каква што не сте слушнале“, рече Филипс Вестер од Меѓународниот центар за интегриран планински развој, кој ја предводеше студијата. „Во најдобриот можен свет, ако станеме навистина амбициозни (ги исполниме целите за климатските промени), дури и тогаш ќе изгубиме една третина од глечерите и ќе бидеме во неволја. Тоа за нас беше шокантно откритие“.

Уште од 1970-тите, зголемените температури веќе го разредија мразот во регионот, во кој живеат 240 милиони луѓе, вели студијата. И додека тоа што температурите се зголемуваат за уште неколку степени можеби не звучи драматично, студијата забележува потенцијално уништување што може да предизвика ранливи заедници во околината, од кои многумина живеат на или под глобалниот праг на сиромаштија од 1,90 долари дневно.

Студијата, подготвувана во текот на пет години со придонес од 350 научници и истражувачи, има цел да даде една од првите комплетни слики за тоа како затоплувањето ќе влијае врз планините и планинските заедници. Пред оваа студија, последиците од климатските промени во регионот беа нејасни. „Но сега навистина знаеме доволно за да преземеме акција, а итно е потребна акција“, рече Вестер.

Во еден значаен извештај на Обединетите нации објавен во октомври исто така се велеше дека претстојната криза на неконтролирано глобално затоплување предизвикано од човекот станува сè поалармантна. Во извештајот се наведува дека планетата може да го помине прагот од 1,5 °Ц, на кој уште во 2030 година ќе почнеме да ги гледаме најлошите ефекти од климатските промени ако не се исполнат амбициозните цели за намалување на емисиите.

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе

Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

повеќе