Од австралиска пустелија

Телескоп сними „златна“ глетка на центарот на Млечниот Пат (ФОТО)

Радиотелескоп лоциран во западноавстралиска пустелија неодамна снимил величествена „златна“ глетка на галаксијата Млечен Пат.

Сликата, направена од телескопот Мурчисон вајдфилд ареј (МВА), покажува како би изгледал Млечниот Пат кога човечкото око би можело да гледа радиобранови, се вели во соопштението на Меѓународниот центар за радиоастрономски истражувања (ИЦРАР). Астрофизичарката д-р Наташа Харли-Вокер ги создала сликите користејќи го Суперкомпјутерскиот центар „Пауси“ во Перт, Австралија.

„Оваа нова глетка содржи радиоемисија на ниска фреквенција од нашата галаксија, која е во потрага и по ситни детали и по поголеми структури“, објаснува Харли-Вокер. „Нашите слики гледаат директно во средината на Млечен Пат, кон регионот што астрономите го нарекуваат Галактички центар“.

„Моќта на овој широк опсег на фреквенција ни овозможува да ги раздвојуваме различните објекти што се преклопуваат додека гледаме кон сложеноста на Галактичкиот центар“, додаде Харли-Вокер. „Во суштина, различни предмети имаат различни 'радиобои', така што можеме да ги искористиме за да откриеме за каква физика станува збор.“

Со сликите, Харли-Вокер и нејзините колеги откриле остатоци од 27 џиновски ѕвезди што експлодирале во супернова на крајот на животот, според ИЦРАР. МВА може да открие кои остатоци од супернова се постари, подалечни или во мошне празни околини.

Харли-Вокер истакна дека еден од новооткриените остатоци од супернова е во празен регион што е далеку од Млечниот Пат. Тоа се последните делови од ѕвезда што исчезнала пред помалку од 9.000 години, а експлозијата можно е да ја виделе домородните луѓе низ цела Австралија.

Двa од откриените остатоци од супернова се чудни „сирачиња“, според Харли-Вокер. Тие се наоѓаат во регион на небото каде што нема големи ѕвезди. Другите остатоци од супернова забележани во истражувањето исто така се многу стари по возраст.

Мурчисон вајдфилд ареј (МВА) е нискофреквентен радиотелескоп и е првиот од четирите претходници на Антената во квадратни километри, кои треба да се довршат. И покрај тоа што МВА е одличен за забележување остатоци од супернова, ограничен е во сензитивноста и резолуцијата. Сепак, нискофреквентниот дел од Антената, кој ќе биде изграден на местото на МВА, може да улови многу повеќе остатоци од супернова што се формирале во последните 100.000 години или може да бидат од другата страна на нашата галаксија.

Новите слики на Галактичкиот центар може да се видат со користење на апликацијата GLEAMoscope со андроид-уред преку апликацијата GLEAM.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе