Таинствен стартап откри досега невидена можност на соларната енергија

Таинствен стартап, поддржан од Бил Гејтс постигна неверојатно откритие во областа на соларната енергија што би можело да помогне во спасувањето на нашата планета.

Компанијата Хелиоген, до сега непозната за јавноста, се бави со чиста енергија, а во вторникот објави дека открила начин како со помош на вештачка интелигенција и серија огледала може да фати огромна количина на соларна енергија, која создава екстремна топлина над 1000 степени Целзиусови.

Компанијата всушност креирала соларна печка во која може да се постигне температура која изнесува отприлика четвртина од онаа што се наоѓа на површината на Сонцето, пренесува Си-ен-ен.

Успеале за прв пат до толку да ја концентрираат соларната енергија за да може да се користи при производство на цемент, челик, стакло и други индустриски производи. Со други зборови, самата сончева светлина наскоро би можела да ги замени фосилните горива во значаен дел од индустријата и значително да го намали приливот на штетни стакленички гасови.

„Тоа е технологија која е поевтина од фосилните горива, и која при тоа не произведува CO2“, изјави за Си-ен-ен Бил Грос, основач и извршен директор на Хелиоген.

„Всушност зборуваме за вистински свет грал“, додаде тој.

Еден од проблемите со соларната енергија е дека Сонцето не сјае секогаш, а индустриските постројки како што се оние кои произведуваат цемент или челик, имаат постојана потреба од високи температури. Хелиоген рече дека тоа прашање ќе се реши врз основа на системи за складирање кои можат да ја чуваат соларната енергија за црни, односно дождливи денови.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе