Само 60 дена по генетското секвенцирање

СЗО: Почна првото тестирање вакцина, ова е неверојатно достигнување

Светската здравствена организација објави дека почнало првото тестирање вакцина за ковид-19.

Д-р Тедрос Аданом, генерален директор и шеф на СЗО, денеска ја соопшти веста, велејќи дека тестирањето почнало само 60 дена откако беше споделено генетското секвенцирање на коронавирусот.

Аданом објасни дека малите тестови можеби не даваат јасни докази за тоа кој третман би бил најефикасен. Наместо тоа, СЗО и нејзините партнери ќе „организираат студија во многу земји“ за заемно да споредат голем број нетестирани третмани.

„Оваа голема, меѓународна студија е смислена за да се добијат стабилни податоци што ни се потребни, за да се покаже кои третмани се најефикасни“, вели тој.

Генералниот директор рече дека ваквиот вид студија се нарекува тест за солидарност и „обезбедува поедноставени процедури за да се овозможи учество дури и во болниците што се преоптоварени“.

Аргентина, Бахреин, Канада, Франција, Иран, Норвешка, Јужна Африка, Шпанија, Швајцарија и Тајланд веќе потврдија дека ќе учествуваат, а се очекува да учествуваат уште повеќе држави.

„Овој вирус претставува досега невидена закана. Но тој е и досега невидена можност да се обединиме против заедничкиот непријател - непријател против човештвото“, соопшти СЗО.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе