„Супер голема бела ајкула“ е кинескиот хеликоптер на иднината (ФОТО+ВИДЕО)

Хеликоптерот наречен „Супер голема бела ајкула“ кој изгледа како летечка чинија беше претставен на изложба во кинескиот град Тјанјин.

Кинеските експерти тврдат дека станува збор за летало од крајно експериментален карактер и дека, ако се одлучи да биде применет во пракса, тоа нема да се случи набрзо.

Во секој случај работата на ова летало е корисно во смисла на развој на технологиите на идните летала, наведуваат експертите.

Наречено „Супер голема бела ајкула“, леталото е слично на оние од научнофантастичните филмови и е долго 7,6 метри, а широко 2,85 метри.

Пилотската кабина има две места и е сместена во средината на прстенестата структура на хеликоптерот, кој со два турбомлазни мотори може да развие голема брзина – и до 650 километри на час.

Хеликоптерот е тежок шест тони и може да лета на висина до шест илјади метри.

Првиот лет прототипот на хеликоптер со футуристички дизајн ќе го има во 2020 година на саемот „Ершоу Чајна 2020“ во градот Џухај во провинцијата Гуандонг, на југот на Кина.

Воените експерти тврдат дека се постигнати голема брзина и ниско ниво на бучава, а дека, кога станува збор за хеликоптерите на иднината, ќе биде потребно дополнително да се работи на нивното полесно одржување и поголема издржливост.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе