Студија: Воздухот во домови со шпорет на плин е до пет пати позагаден од надворешниот воздух

Во САД е објавена нова студија која покажува дека луѓето заболуваат поради шпоретите на плин кои придонесуваат кон загадувањето поради кој воздухот во домовите е од два до пет пати позагаден од надворешниот.

Како што јавува Гардијан, и покрај сите ризици, пратениците сè уште немаат утврдено правила за квалитетот на воздухот во куќите и становите. Се додава дека ова е особено важно сега затоа што многу луѓе ширум светот се дома заради коронавирусот.

Шпоретите на фосилни горива најверојатно изложуваат милиони Американци на загаден воздух, на кој, доколку е таков надвор не би смеело да се излезе, се заклучува во прегледот на Институтот Роки Маунтаин, кој вели дека има многу истражувања кои ги поврзуваат загадувачите кои се ослободуваат од шпоретите на плин со негативните ефекти на здравјето, што често завршува со состојби како што е астмата.

Водечкиот автор на извештајот Брејди Силс рече дека многу малку внимание му се посветува на тоа иако проблемот е познат.

„Некако сме навикнати да имаме шпорети на плин во нашите домови“, рече тој.

Околу третина од американските домаќинства готват првенствено на шпорети на плин, кои испуштаат јаглероден диоксид и азотен диоксид и честички на загадување кои ги произведуваат сите шпорети. Постарите и помалку одржувани шпорети загадуваат уште повеќе вклучувајќи го и ризикот од јаглероден моноксид.

Извештајот потсетува дека дури и мала изложеност на јаглерод диоксид го зголемува ризикот од астма кај децата. Една анализа покажала дека децата во домови со плински шпорети имаат 42 проценти поголема веројатност за астма. Друга, спроведена во Австралија, вели дека 12,3 проценти од детската астма е предизвикана од плински шпорети.

Јаглеродниот диоксид исто така ја влошува хроничната опструктивна белодробна болест па може да се поврзе со проблеми со срцето, дијабетес и карцином.

Труењето со јаглероден диоксид може да предизвика главоболка, гадење, забрзана работа на срцето, срцев удар и смрт.

Во извештајот се заклучува дека најдобро решение е да се заменат со електрични шпорети. Но, оние што имаат плински шпорети можат да ги отвораат прозорците, да имаат прочистувачи на воздухот или да инсталираат детектор за јаглероден моноксид.

Патологот од Калифорнија Робер Гулд вели дека таквите инвестиции сепак се исплаќаат.

„Тоа се вклопува во планот дека првично мора да ги заштитиме најранливите во нашата популација“, вели тој.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе