Стивен Хокинг во својата последна книга: Бог не постои

Вчера беше објавена последната книга на славниот астрофизичар Стивен Хокинг, кој почина во март годинава.

Книгата со наслов „Кратки одговори на големи прашања“ ја довршило семејството на Хокинг по смртта на научникот, и дава одговори на прашањата што Хокинг најчесто ги добивал во текот на својот живот.

Едно од тие прашања, секако, се однесува на постоењето на бог.

„Не постои бог. Никој не управува со вселената. Со векови се верувало дека луѓето со инвалидитет, како мене, така живеат поради божје проклетство. Јас го претпочитам објаснувањето дека сѐ може да биде објаснето на друг начин, со помош на природните закони“, пишува Хокинг во својата последна книга.

Хокинг поголем дел од својот живот страдаше од АЛС, невродегенеративно нарушување познато и како Геригова болест. Умре работејќи на книгата што беше објавена вчера.

Славниот научник во повеќе наврати во текот на својот живот пишуваше и објаснуваше зошто не верува во бог, а во неговата книга има и поинтересни одговори на „големите прашања“ од тоа дали постои бог или не. Така, меѓу другото, тој откри и дека верува дека надвор од Земјата постои интелигентен живот.

„Некаде постојат форми на интелигентен живот. Но пред да се обидеме да комуницираме со нив, треба уште да се развиеме“, пишува Хокинг.

Научникот ја остава отворена и можноста за патување низ времето.

„Патувањето назад во времето, во согласност со нашето моментално разбирање, не може да биде исклучено“, напиша Хокинг, кој предвидел дека „во следните сто години ќе бидеме во можност да патуваме каде било во Сончевиот систем“.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе