Стигна снимка и од кинескиот ровер на Марс (ВИДЕО)

Кинеската вселенска агенција ЦНСА објави видео-снимка на која се гледа движењето на нејзиниот ровер Џуронг на површината на Марс. Снимката е направена со бежична камера која на површината ја поставил роботот.

EPA-EFE

Објавена е и снимка од слетувањето на роверот, кое се случи во мај годинава. На неа се гледа моментот кога се активира падобранскиот систем со кој роверот се спушти на Марс.

Роверот или возилото Џуронг има шест тркала и се користи за истражување на областа на Марс позната како Утопија планитија. ЦНСА соопшти дека роверот се движел 236 пати во 41 сол на Марс. Сол е ден на Марс кој трае нешто подолго од денот на Земјата – 24 часа и 39 минути.

Снимките се испратени на Земјата преку сателитот Тијанвен-1. Научниците се надеваат дека овој ровер ќе врши истражувања најмалку 90 сола на Марс. Сличен е на роверите на НАСА Спирит и Опортјунити, направени на почетокот на овој век, а тежи 240 килограми.

Снимките се објавени по повод 100-годишнината на Комунистичката партија на Кина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе