Секоја година сѐ повеќе отпад

Средоземното е најзагаденото море во Европа

Средоземното Море е најзагаденото море во Европа иако зголемувањето на отпадот во него од 2009 година било имерено, соопшти францускиот институт за истражување на морето Ифремер.

Институтот од 1994 до 2017 година спровел голема студија на следење на отпадот во Средоземното Море.

„Иако количеството отпад во Средоземјето флуктуира секоја година сепак се бележи глобално зголемување од 2009 година“, се наведува во соопштението на Институтот, чие седиште е во Брест на северозападот на Франција.

Институтот наведува дека во морето има пластични ќесиња и шишиња, метални садови и пакувања од храна, синтетички јажиња, рибарски мрежи како и облека.

„Во текот на 1990-тите, густината беше 100 парчиња отпад на километар квадратен“, кажа Оливија Герињи, океанографка во центарот Офремер во Тулон и главна авторка на студијата објавена на порталот Марин полушн булетин, пренесува Нешнал џиографик.

Од 2012 година таа густина е зголемена на околу 200 отпадни предмети на квадратен километар, со максимумот од 300 парчиња достигнат во 2015 година. Според неа, пластиката сочинува 60 отсто од тој отпад. Тој факт се објаснува со зголеменото производство на пластика во тој период, но и посистематското следење. Тој микро-отпад е забележан во речиси 90 отсто од површината истражена во двете студиски зони – Лионскиот Залив и источниот брег на Корзика.

„Средоземното е европското море најзагадено со отпад“, кажа Герињи и истакна дека во слична студија спроведена во Северното Море, густината на отпадот на годишно ниво останала помала од 50 парчиња отпад на километар квадратен.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе