Србија го претстави „лазански“, новото борбено возило на српската војска (ВИДЕО)

Новото мултифункционално возило на српската војска, кое го носи името на покојниот воен аналитичар и амбасадор Мирослав Лазански, ѝ беше претставено на јавноста.

Твитер

Возилото беше прикажано на 10-от меѓународен сам на вооружување и воена опрема Партнер 2021 на Белградскиот саем.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ свечено го отвори вчера меѓународниот саем Партнер 2021, а го придружуваа синот и сопругата, како и сопругата на неодамна починатиот Лазански.

„Мислам дека Мирослав би се гордеел“, кажа српскиот претседател.

Инстаграм

Интеграцијата на висококвалитетни компоненти од светска класа, специјални материјали и технологии, довела до развојот на оклопното возило кое може да се натпреварува со сите светски произведувачи, пишува Спутник.

„Лазански“ е модерно возило со тркала, модифицирана верзија на „лазар 3“. Главната разлика е повеќенаменскиот топ за дејство по жива сила, лесно оклопни возила и утврдувања.

Топот со калибар од 57 милиметри користи исклучително моќна муниција и може да пробие и оклоп на лесен тенк.

Возилото „лазански“ има погон на сите осум тркала и во него може да се сместат до 13 седишта. Новина во однос на „лазар 3“ е целосниот оклоп, без прозорци, како и неспоредливо поголемата убиствена моќ и дострелот до 14 километри.

Мирослав Лазански, по кој е наречено новото српско оклопно возило, почина во август годинава на 71 година. Тој беше новинар, военополитички аналитичар, писател и дипломат.

Легенда под Главна слика

Твитер

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе