Спремен за испорака: првиот ловец Су-57 до крајот на годината (ВИДЕО)

Воздухопловно вселенските сили на Русија до крајот на годината ќе го добијат првиот ловец од петтата генерација сухој Су-57 од сериското производство, изјави заменик министерот за одбрана на Русија Алкесеј Криворучко.

Се наведува дека според договорот воздухопловно-вселенските сили ан Русија до 2028 година треба да добијат 76 такви летала.

Криворучко истакна дека првиот Су-57 наскоро ќе биде спремен за испорака на војската.

„Следната година чекаме иште еден таков авион, а потоа ќе продолжи повеќекратното зголемување на производството“, оцени Криворучко.

Су-57 е руски ловец од петтата генерација. првиот лет го изведе во 2010 година. Комбинацијата на високи маневарски способности со можност за лет со надзвучна брзина, современите оружени системи и слабата забележливост му обезбедуваат на Су-57 супериорност над неговите конкуренти, се истакнува во соопштението на руското министерство за одбрана.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе