Ќе соборува и мети во вселената

Според конструкторот: С-500 ги надминува сите, му нема рамен“ (ВИДЕО)

Перспективниот противвоздушен ракетен систем С-500 ќе пресретнува мети на стотици километри од Земјата, соопшти генералниот конструктор, компанијата Алмаз антеј.

Генералниот конструктор на концернот Алмаз антеј Павел Созинов истакна дека С-500 според своите карактеристики ги надминува сите ривали, кои се произведени каде било и кога било.

„Пресретнувањето во горните слоеви на атмосферата е возможно. Тоа е на стотици километри оделеченост од Земјата“, прецизираше Созинов.

Според него, системот е опремен со голем број средства за лоцирање со различна намена, како и со противвоздушни наведувани ракети.

„Тоа е систем кој извршува цела низа задачи, како противвоздушни, така и за противракетна одбрана. Во моментов ги тестираме елементите на системот со максимална заштеда на средствата издвоени за тестирањето“, истакна експертот.

Созинов додаде дека концернот се обидел да направи прогноза за следните 25 години, кога станува збор за развојот на средствата за воздушно-вселенски напад, и дека заклучил дека С-500 ќе биде многу безбеден систем ако се земат предвид карактеристиките кои потенцијалните противници можат да ги развијат за тој период.

„Согласно на тоа, нашиот систем треба да биде во состојба да се бори против средства кои сѐ уште ги нема, но кои можат да се појават за 5,7 или 10 години“, истакна рускиот експерт.

Претходно заменик министерот за одбрана на Русија Алексеј Криворучко најави за следната година повеќе новини во модерното руско вооружување, а покрај противоздушниот систем С-500, на листата се најдоа и авионите Су-57 и ПАК ДА, потоа ракетните комплекси „кинжал“ и „циркон“, но и тенкот Т-90М.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе