Според еколозите: Водата од Фукушима може да ја измени човечката ДНК

Контаминираната вода која наскоро може да биде испуштена во морето од нуклеарната централа Фукушима во Јапонија содржи радоактивен јаглерод кој може да ја штети ДНК кај луѓето, предупреди организацијата за заштита на животната средина Гринпис.

EPA-EFE

Еколошката група тврди дека 1,23 милиони метрички тони води кои се чуваат во објекти на централата Фукушима, местото на нуклеарната катастрофа од 2011 година, содржат опасно ниво радиоактивни честички кои можат да имаат сериозно долгорочни последици по заедницата и природната средина доколку оваа вода се испушти во Тихиот Океан.

Гринпис истакнува дека покрај радиактивниот изотоп трициум, водата од Фукушима го содржи и радиоактивнот изотоп јаглерод 14 или радиокарбон кој „поприлично придонесува на колективната радијација и потенцијално може да ја оштети човечката ДНК“.

Шон Бурни, авторот на извештајот на Гринпис кажа за Си-ен-ен дека јаглерод 14 заедно со другите радиоактивни честички во водата „би бил опасен со илјади години и би имал потенцијал да ја оштети генетската структура на луѓето“.

Девет години по најлошата нуклеарна катастрофа во Јапонија, простор за чување на контаминираната вода снемува, поради што властите на Јапонија размислуваат да ја истурат отровната вода во Пацификот.

Како што објаснија научниците, водата наводно би се разводнела и исфилтрирала пред испуштањето, за да се избегне контаминирање на океанот. Целиот процес би требало да трае 20 години.

Плановите на јапонската влада предизвикаа загриженост и кај локалните риболовци и меѓу борците за заштита на животната средина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе