Спејсекс во вселената лансираше 60 сателити за супербрз интернет (ВИДЕО)

Американската приватна технолошка компанија Спејсекс вчера во вселената лансираше 60 сателити кои ќе овозможат супербрза интернет врска за корисниците низ светот.

Целта на ракетата „Фалкон 9“, лансирана од Кејп Канаверал на Флорида, ги понесе сателитите во ниската орбита на Земјата. Мисијата, четврта по ред и позната како „Старлинк“, е да постави „соѕвездие“ од сателити, од кои првите во вселената беа лансирани на 24 мај.

Компанијата на Илон Маск планира да постави речиси 12.000 „Старлинк“ сателити во орбитата. Тој број може да се искачи и до 40.000 сателити кои по истекувањето на векот на траење ќе изгорат во Земјината атмосфера.

„Старлинк“ би требало да овозможи пристап до интернет на значителен дел на светската популација кој сѐ уште не е онлајн, особено во руралните делови, а истовремено на останатото население, кое е незадоволно од своите провајдери на интернет услуги, би им понудил конкретна алтернатива.

Секој сателит тежи околу 200 килограми, а бидејќи се поставени во ниската орбита, на околу 200 километри од Земјата, можните застои или прекини во интернет врската се сведени на најмала можна мера.

Спејсекс ќе почне да дава „Старлинк“ интернет услуга во 2020 на корисниците во САД и во Канада, а глобалната услуга ќе почне по 24 одработени мисии.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе