Спејсекс утре превезува четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица (ВИДЕО)

Спејсекс утре ќе превезе четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица (ИСС), што ќе биде втора таква мисија откако Соединетите Американски Држави ги обновија летовите во вселената и прва во која учествува Европеец.

EPA-EFE

Лансирањето е предвидено за 12:11 по средноевропско време од вселенскиот центар Кенеди на Флорида. Во леталото Кру драгон ќе бидат американските астронаути Шејн Кимбро и Меган Мекартур, нивниот јапонски колега Акихико Хошиде и астронаутот на Европската вселенска агенција (ЕСА) Томас Песке. Сите веќе биле во вселената. ЕСА мисијата ја нарече Алфа по ѕвездениот систем Алфа кентаури, најблискиот до Сончевиот систем.

Спејсекс, компанијата на Илон Маск, стана омилениот превозник на НАСА бидејќи Боинг доцни со тестирањето на својата вселенска капсула Старлајнер. Првиот лет со екипаж на Спејсекс во мај 2020 ја заврши деветгодишната американска зависност од руските ракети за транспорт до ИСС. Утре повторно ќе биде користена истата ракета како и во мај, а капсулата Кру драгон ќе биде истата користена во пробните летови.

Разговарајќи со новинарите пред мисијата Песке кажа дека неговото учествување ја истакнува европската посветеност на вселенските летови.

„Тоа за нас како агенција значи многу бидејќи сме дел од програмата ИСС веќе 20 години и планираме да бидеме дел од она што ќе следува“, кажа францускиот астронаут мислејќи на можниот лет на Месечината. Песке кажа дека е возбуден што ќе лета во футуристичкиот и целосно автономен Кру драгон, кој е значително поинаков од рускиот Сојуз со кој летал претходно.

„Колку е сè сложено, фантастично е! Цело време знаете што се случува. Сојуз е неверојатно безбеден, но има еден куп информации на целата контролна табла, дигитални инструменти, аналогни инструменти, треба сето тоа да се пофаќа. Затоа и обуката за Сојуз ми беше многу подолга“.

За време на мисијата на ИСС екипажот ќе биде задолжен за бројни научни експерименти, а Песке како најинтересен го истакна истражувањето на ефектот на бестежинската состојба на мозокот.

За тоа ќе им послужат минијатурни органоиди на мозок одгледани во лабораторија со техниката на матични клетки. Научниците се надеваат дека истражувањето ќе им помогне да се подготват за подалечни патувања во вселената кои астронаутите ќе ги изложат на потешки услови и подолг престој, а можеби ќе помогне и во лекувањето на некои мозочни болести на Земјата.

„Тоа ми звучи како вистинска научна фантастика“, се пошегува Песке. Лансирањето се спроведува на Денот на планетата Земја па екипажот ќе придонесе со фотографирање милиони фотографии на цветање алги, пукање на арктичкиот мраз и вештачкото осветлување ноќе.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе