Спејсекс повторно оди до Меѓународната вселенска станица, лансирањето одложено за недела (ВИДЕО)

Лансирањето на всленската капсула со екипаж на Спејсекс кон Меѓународната вселенска станица (ИСС) е одложено од денес за недела поради силните ветришта, објави шефот на НАСА.

EPA-EFE

Џим Бриндистајн објави дека лансирањето од вселенскиот центар Кенеди на Флорида според новиот план е предвидено за недела во 19:27 часот, односно понеделник во 00:27 часот по средноевропско време.

Тимот е составен од Американците Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер и Шенон Вокер, и Јапонецот Соичи Ногучи.

Пристигнувањето на ИСС е предвидено во вторник наутро по наше време.

Станува збор за првата шестмесечна оперативна мисија со која се потврдува продолжувањето на летовите со човечки екипаж од Соединетите Американски Држави од мај, по деветгодишната пауза и зависноста од Русија.

НАСА во вторникот официјално ја одобри капсулата  Кру драгон која ја конструираше Спејсекс за превоз на своите астронаути, оценувајќи ја како безбедна.

Спејсекс, компанијата која ја формираше претприемачот Илон Маск, претходно успешно ја изврши тестната мисија која траеше од мај до август, за време на која двајца астронаути беа испратени на ИСС и вратени на Земјата без тешкотии.

Членови на следната мисија со човечки екипаж, планирана за крајот на март 2021, ќе бидат Европеецот Томас Песке, двајца Американци и Јапонец.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе