Спејсекс на Меѓународната вселенска станица ќе однесе двајца астронаути на НАСА

Двајца астронаути на НАСА се подготвуваа со вселенско летало на Спејсекс да одлетаат до Меѓународната вселенска станица (ИСС) за на тамошниот екипаж да му помогнат во замена на батериите, задача која бара излегување во вселената, јави американската вселенска агенција.

Лансирањето на леталото Кру драгон е закажано за 27 мај од Вселенскиот центар Кенеди на Флорида, а астронаутите на ИСС ќе пристигнат ден подоцна.

Наместо една недела, мисијата би можела да потрае повеќе од еден месец, а искусните астронаути Боб Бенкен и Даг Харли би требало да бидат првите астронаути кои ќе полетаат од американско тло по затворањето на шатл програмата во 2011.

Исто така, тоа ќе биде првата мисија на Спејсекс со човечки екипаж, по што НАСА ќе одлучи дали ќе даде зелено светло за капсулата Кру драгон за редовни операциски летови.

Спејсекс и Боинг заедно добија седум милијарди долари за развој на специјален транспортен систем за екипаж, во рамки а Комерцијалната програма со екипаж, кампањата на НАСА за користење на приватниот сектор за мисии на ИСС за да се намали зависноста од руските ракети Сојуз.

„Во моментов ја одржуваме Меѓународната вселенска станица на минимум. Без Бенкен и Харли таквата операција би морале да ја одложиме сѐ додека не ни биде на располагање нов екипаж на НАСА“, изјави директорот на вселенската агенција Џим Бридестајн.

Должината на мисијата на двајцата астронаути ќе зависи од колку брзо Спејсекс може да ги заврши подготовките на својата следна капсула. Мисијата може да потрае и до четири месеци.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе