Старлинк

Спејсекс лансираше 60 сателити во еден ден (ФОТО+ВИДЕО)

Компанијата Спејсекс испрати ракета со 60 сателити во вселената, објави Ројтерс.

Таквиот потфат е голем чекор во создавањето мегаконстелации кои би можеле на популацијата во целиот свет да ѝ понудат ефтин широкопојасен пристап до интернет.

На огромната интернет констелација со 60 сателити Спејсекс ѝ го даде името Старлинк.

Спејсекс во 22:30 часот по локално време на својата ракета Фалкон 9 успешно лансираше мноштво сателити. Еден час подоцна, ракетата полека почна да испушта поединечни сателити во орбитата.

Елон Маск, основачот на Спејсекс, рече дека сателитите ќе функционираат како „ширење шпил карти на маса“. Тој потврди во твит дека сите 60 сателити се „онлајн“ и дека уредите наскоро ќе ги рашират своите соларни панели со кои ќе се напојуваат додека се во орбитата.

Засега не е јасно дали сите сателити се целосно оперативни, но сите информации од компанијата Спејсекс потврдуваат дека операцијата за лансирање поминала многу лесно и дека немало никакви значителни потешкотии.

Ако проектот на Маск се покаже успешен, Спејсекс би можел да ги победи конкурентите како Амазон и Уанвеб кои исто така се обидуваат да постават сопствена интернет конфигурација.

Спејсекс во следните неколку години има намера да лансира уште илјадници сателити. Со тоа евтиниот интернет би бил достапен за значителен дел од светската популација кој сè уште не е „онлајн“. Во исто време, на останатата популација, која не е задоволна со своите интернет провајдери би им понудил конкурентна алтернатива.

Целиот проект Старлинк ќе го чини Спејсекс 10 милијарди долари, но Маск рече дека компанијата има „доволно капитал“ за да ги комплетира своите планови.

На Спејсекс ќе му бидат потребни уште шест лансирања, рече Маск, пред Старлинк да може да обезбеди функционална интернет услуга за некои делови од населението, а 12 пред компанијата да може да обезбеди интернет за значителен дел од светот.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе