143 сателити, од секакви облици и големини, заминаа во орбитата со ракетата Фалкон на Спејсекс, која беше лансирана од Флорида.
Бројот го надминува претходниот рекорд од 104 сателити што ги однесе едно индиско летало во 2017 година.
Ова е уште еден доказ за големите структурни промени што се случуваат во вселенската активност, што овозможува вклучување на многу повеќе актери.
Оваа промена е резултат на револуција во робусните, минијатуризирани, евтини компоненти, голем број преземени директно од потрошувачката електроника, како што се смартфоните, што значи дека сега скоро секој може да изгради валиден сателит во многу мала форма.
А со понудата на Спејсекс да ги однесе тие пакети во орбитата за само 1 милион американски долари, комерцијалните можности ќе продолжат да се отвораат, вели Би-би-си.
Самиот Спејсекс имаше 10 сателити на Фалкон, најновите додатоци на неговата мега-констелација Старлинк, која ќе обезбеди широкопојасни интернет-врски низ целиот свет.