Првиот од вкупно 32

Спејсекс го лансираше првиот американски сателит за национална безбедност (ВИДЕО)

Ракетата на Спејсекс со американски воен сателит за навигација беше лансирана од кејп Канаверал на Флорида денес, со што оваа компанија за вселенски транспорт ја почна првата американска вселенска мисија за национална безбедност.

Ракетата фалкон 9, опремена со ГПС сателит вреден околу 500 милиони долари изработен од Локид Мартин корпорацијата, полета од Кејп Канаверал во 8:51 по локално време. Претходните четири лансирања, вклучувајќи го и вчерашното, беа одложени поради лоши временски услови и технички проблеми.

Успешното лансирање е победа за компанијата на милијардерот Илон Маск која се бави со изработка на вселенски летала и со години се обидува да се пробие на пазарот на воените вселенски летала каде што доминираат Локид и Боинг.

Спејсекс во 2014 го тужеше американското воено воздухопловство околу повеќе милијарди вредниот договор за лансирање 36 ракети кој без тендер му беше доделен на Јунајтед лонч алајенс, парнерството меѓу Боинг и Локид. Компанијата Спејсекс се откажа од тужбата во 2015, откако военото воздухопловство се согласи да отвори тендер.

Следната година Спејсекс доби 83 милиони долари вреден договор со американското воено воздухопловство за лансирање сателити ГПС 3, кој ќе потрае 15 години.

Ова беше лансирање на првиот од вкупно 32 сателити со вкупна вредност од 12,6 милијарди долари кои Локид ќе ги произведе за програмата ГПС 3 за американското воено воздухопловство, наведе портпаролот на Локид Чип Ешенфелдер.

Лансирањата требаше да почнат во 2014 година, но ги одложија пречките во производството. Следниот ГПС 3 сателит ќе биде лансиран кон средината на 2019, додека останатите сателити се на лансирања во Колорадо, соопшти Локид.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе