НАСА

Сондата Јунона сними фасцинантно помрачување на Јупитер (ФОТО)

Вселенското летало Јунона на НАСА направи навистина фасцинантна снимка од делумно помрачување на Сонцето на Јупитер, сензационално завршувајќи го своето 22-ро блиско прелетување околу огромната планета.

Ија, најблиската од четирите месечини на Јупитер, фрла изненадувачки остра сенка по површината на гасниот џин, што се гледа на неверојатните фотографии. Сликите ги гледаме благодарение на софтверскиот инженер на НАСА и граѓанин-научник Кевин Гил, кој на Твитер ја сподели обработената фотографија.

НАСА ја охрабрува јавноста да ги обработува сликите што доаѓаат на Земјата преку сондата.

Сенката на Ија врз Јупитер е толку остра бидејќи таа е многу поголема и е многу поблиску до Јупитер отколку што е нашата месечина до Земјата. Таа изгледа приближно четири пати поголема од големината на Сонцето од гледна точка на Јупитер.

На месечината ѝ требаат 1,77 дена за да ја обиколи огромната планета, додека Јунона прави блиски прелети на секои 53 дена.

Гил исто така сподели и неверојатна глетка од 360 степени на хоризонтот над Јупитер, која ги покажува моќните камери на сондата и неговата огромна вештина во обработката на слики.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе