Првпат во историјата

Сонда на НАСА го допре сонцето (ВИДЕО)

Соларната сонда Паркер на НАСА стана првото вселенско летало што влегло во сончевата атмосфера, објави во вторникот американската вселенска агенција.

Фото: НАСА

НАСА во вторникот соопшти дека нејзината соларна сонда Паркер остварила контакт со „короната“ на Сонцето во април - пресвртница што вишиот научник Нур Рауафи од Универзитетот Џон Хопкинс, кој работеше на проектот, ја опиша како „фасцинантно возбудлива“.

„Летајќи толку блиску до Сонцето, соларната сонда Паркер сега ги чувствува условите во магнетно доминираниот слој на сончевата атмосфера - короната - што никогаш порано не сме успеале“, објасни Рауафи, тврдејќи дека научниците „всушност можат да го видат леталото како лета низ короналните структури, што може да се набљудува за време на целосното затемнување на сонцето“.

Сондата прелета низ сончевата корона, горниот слој на атмосферата на нашата ѕвезда, собирајќи таму честички и податоци за магнетните полиња, соопшти НАСА, нарекувајќи го подвигот „џиновски скок за соларната наука“.

„Допирањето на сонцето со соларната сонда Паркер е монументален момент за соларната наука и навистина извонреден подвиг“, рече Томас Зурбухен од Управата за научни мисии на НАСА.

„Не само што оваа пресвртница ни дава подлабок увид во еволуцијата на нашето сонце и неговите влијанија врз нашиот сончев систем, туку сè што учиме за нашата сопствена ѕвезда, исто така, нѐ учи повеќе за ѕвездите во остатокот од универзумот.“

Вселенската агенција објави дека Паркер ги нашол вистинските услови за да влезе во сончевата атмосфера на 18,8 сончеви радиуси над сончевата површина за време на својот осми прелет на сонцето на 28 април, а поминувањето траело неколку часа.

„Очекувавме дека, порано или подоцна, ќе наидеме на короната барем на кратко време“, рече Џастин Каспер, главен автор на новата статија објавена во Физикал ривју летерс.

„Но многу е возбудливо што веќе го постигнавме тоа.“

Како што сондата продолжува да се приближува кон сонцето, на крај ќе се приближи до 8,86 соларни радиуси од површината, соопшти НАСА.

Во својот следен прелет, кој се очекува во јануари 2022 година, вселенското летало Паркер најверојатно повторно ќе помине низ короната, соопшти вселенската агенција.

Легенда под Главна слика

Фото: НАСА

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе