Сонцето го испушти најголемиот блесок од 2017 година, дали нашата ѕвезда се буди?

Сонцето можеби конечно се буди од својата дремка, вели НАСА.

Во петокот наутро (29 мај) нашата ѕвезда го испушти својот најсилен блесок од октомври 2017 година, ерупција забележана од Опсерваторијата за соларна динамика (СДО), која го набљудува сонцето.

Сончевите блесоци се експлозии на зрачење што потекнуваат од сончевите дамки, привремено темни и релативно ладни делови на сончевата површина, кои можат да се пофалат со многу силни магнетни полиња. Научниците ги класифицираат силните блесоци во три категории: Ц, М и Икс. Секоја класа е 10 пати помоќна од таа под неа; M-блесоците се 10 пати посилни од Ц-блесоците, но 10 пати послаби од овие појави од класата Икс.

Овонеделниот блесок беше ерупција од класата М, така што не беше монструозен. (И не беше насочен кон Земјата, така што нема шанси за суперелектризирани поларни светлини од потенцијално поврзаното короналното масовно исфрлање соларна плазма.) Но експлозијата сепак може да биде знак дека сонцето влегува во поактивна фаза од својот 11-годишен активен циклус, рекоа официјалните претставници на НАСА. Ако е така, најнеодамнешниот ваков циклус, познат како Сончев циклус 24, можеби веќе завршува.

Сончевиот циклус е повремена промена на количеството на сончевото зрачење, кое стигнува до Земјата. Точката на најголеми активности и најголем број сончеви дамки се вика „сончев максимум“, а „соларниот минимум“ е периодот кога сонцето има најмалку сончеви дамки и најмала активност.

„Како и да е, по еден минимум потребни се најмалку шест месеци соларни набљудувања и броење на сончевите дамки за да се знае кога тој се случил“, напишаа претставниците на НАСА.

„Бидејќи тој минимум е дефиниран со најмал број сончеви дамки во еден циклус, научниците треба да ги видат бројките што постојано се зголемуваат пред да можат да утврдат кога точно тие биле на дното“, додадоа официјалните лица. „Ова значи дека сончевиот минимум е појава што може да се препознае само во ретроспектива: може да поминат и шест до 12 месеци за да се потврди дека минимумот всушност поминал“.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе