Сноуден: Еве како вашите мобилни телефони ве шпионираат (ВИДЕО)

Едвард Сноуден, поранешниот вработен на американска ЦИА, соработник на НСА и откривачот кој во 2013 доби азил во Русија откако ја разоткри американската програма за масовно прислушување, гостуваше кај водителот на еден од најпопуларните поткасти во светот, Џо Роган.

Сноуден во гостувањето на поткастот Џо Роган експириенс, кое како и другите епизоди траеше речиси три часа, опиша како точно паметните телефони што ги користиме нѐ шпионираат и што можеме да направиме да го избегнеме тоа.

„Големото нешто што се смени од 2013 е што сега мобилното е на прво место“, кажа Сноуден, објаснувајќи дека прислушувањето денес главно се спроведува преку мобилните телефони бидејќи луѓето ги користат почесто од компјутерите.

„Имате мобилен некаде во просторијата. Мобилниот телефон е исклучен – барем екранот му е исклучен. Ако некој ви испрати порака, екранот живнува. Како се случува тоа?“, реторички праша Сноуден.

„Секој смартфон, секој мобилен генерално е постојано поврзан со најблискиот предавател. Дури и кога екранот е исклучен и мислите дека не работи ништо, не можете да го видите тоа бидејќи емисиите на радиофреквенции се невидливи, но тој вришти во воздухот, зборувајќи „тука сум, тука сум“... движењата на вашиот мобилен се вашите движења како личност и често се единствени и можете да бидете идентификувани преку нив“, му кажа тој на Роган.

„Тоа значи дека кога и да го носите мобилниот телефон, кога е вклучен, постои запос за вашето присуство на тоа место кој го прават компаниите“, додаде тој.

„Тие не мора да ги чуваат тие податоци вечно, всушност и нема добра причина да ги чуваат вечно, но компаниите тоа го гледаат како вредни информации“, напомена Сноуден, додавајќи дека тие податоци претходно биле привремени, но дека сега се чуваат засекогаш. „Нема врска дали сте направиле нешто погрешно или сте најобичниот човек на светот... бидејќи така функционира масовниот надзор“.

„Така се создава „соновната колекција“, што е еуфемизам на владите за масовниот надзор. Тие едноставно го собраат сето тоа однапред во надеж дека еден ден ќе биде корисно“, додаде „свиркачот“, јавувајќи се со видеолинк од непозната локација во Русија.

„А тука зборуваме само за тоа како се конектирате на мобилната мрежа. Не ги земаме предвид сите апликации кои контактираат со вашата мрежа почесто од вас. Мораме да го идентификуваме проблемот. А проблемот со користењето смартфони денес е што немате поим што прават во кој било момент“, истакна тој.

Посебен проблем со денешните смартфони е што не може да им се извади батеријата, како на старите „глупави“ телефони, со што се обезбедува дека не се тајно вклучени. Но за обичен човек доволно е едноставно да го исклучи телефонот, кажа Сноуден.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе