Снимки ја открија страшната состојба на Гренланд, мразот се топи како никогаш досега (ФОТО+ВИДЕО)

Како што беше јавено минатата недела, на Гренланд само минатиот четврток се стопија 11 милијарди тони мраз. Во исто време арктичката област гори, а Европа врие под топлотни бранови.

Ова е новиот свет кој се создава од климатските промени предизвикани од глобалното загревање.

Количеството мраз кое го изгуби Гренланд минатиот четврток е еднакво на количеството вода потребно да се наполнат 4,4 милиони олимписки базени.

Научниците на Гренланд снимија повеќе видеа од мразот што се топи и надојдените реки, како и новосоздадените езера.

Метеоролозите, климатолошките научници и геолозите ги комбинираа податоците кои ги забележале на Гренланд за да дојдат до точните размери на топењето на мразот.

Климатолошкиот научник Мартин Стендел пресметал дека количесвото мраз кое се стопило минатите среда и четврток е доволно да ја покрие целата американска држава Флорида со вода длабока 12,7 сантиметри.

Губењето 11 милијарди тони мраз за 24 часа е воедно и најголемото губење мраз на Гренланд откако почнале прецизните мерења во 1950-те години.

Минатата недела се стопиле речиси 60 отсто од површината на Гренланд. Она што особено изненадува е тоа што на надморската височина на која се наоѓа Гренланд дошло до вакви температури.

Но тука на сцена стапува топлотниот бран кој ја погоди Европа на крајот на јуни, а кој беше еден од најлошите кои ги погодиле централна и западна Европа.

Потоа и топлотниот бран од јули кога беа соборени повеќегодишни температурни рекорди низ Европската Унија.

Тој втор топлотен бран се прошири кон Гренланд и доведе до пораст на температурите.

Треба да се земе предвид и фактот што го објави НАСА, а тоа е дека Арктикот се загрева двојно побрзо од на пример тропскиот дел од Земјата.

Вака брзото топење доведува во своевиден затворен круг. Колку е потопло, толку повеќе мраз се топи на Арктикот. Од топењето пејсажот се претвора од снежнобела површина во црна површина која ја впива сончевата светлина. Тоа значи дека ќе се топи сѐ повеќе мраз и дека локалните температури ќе бидат сѐ повисоки.

Минатиот месец вкупно се стопиле 197 милијарди тони мраз, пишува Форбс. Толкаво количество вода завршило во Атлантскиот Океан.

Иако во моментов на Гренланд е лето, мразот ниедно лето досега не се топел волку брзо, а мразот кој треба да се создаде во зимските месеци нема да може да ги надомести огромните загуби до кои доаѓа во изминатите месеци.

Научниците не очекуваа дека до ваква ситуација ќе се дојде сѐ до самиот крај на 21 век, пишува Вајс.

Сара Дас, научничка која ги проучува глечерите на Институтот за океанографија Вудс хол, користела мраз од Гренланд за да ја реконструира неговата историја на топење.

Последното големо топење на мразот е забележано во 2012 година, а Дас вели дека годинешното топење ќе биде барем исто или полошо од она во 2012.

Во саботата Гренланд изгуби 8,5 милијарди тони мраз, а во неделата 7,6 милијарди тони. Температурите во меѓувреме паднаа па би требало да останат на нормала оваа недела.

Што точно се случува на Гренланд најдобро покажуваат споредбените сателитски снимки.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе