Снимка со дрон покажува колку е ископана античка Помпеја (ФОТО+ВИДЕО)

Речиси 2.000 години откако бил затрупан со лава исфрлена од вулканот Везув, од градот Помпеја сѐ уште се ископуваат артефакти. Нова снимка направена со дрон на сите љубители на историјата им нуди визуелно богатство од високо.

Според археологот и експерт за Помпеја Стивен Елис, воздушната прошетка низ дел од улиците на античкиот град била снимена како дел од истражување за неверојатното ископување досега ззавршено во градот.

Видеото почнува на ниво на улиците, а дронот минува над античката калдрма пред да се искачи и да го открие блискиот Везув како смртоносно се надвива од далечината. Во 79 година од нашата ера масивна ерупција на вулканот висок 1.281 метар го уништила некогаш развиениот римски град.

Сепак, сега во Помпеја повторно има живот но на поинаков начин – голем број археолози сѐ уште откриваат артефакти од минатото. Во мај управата на Археолошкиот парк помпеја ги објави првите фотографии од остатоци на човек за кој се верува дека бил смачкан од голем камен. Се верува дека тој загинал обидувајќи се да избега од ерупцијата.

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе