Скриен процес длабоко во планетата голта повеќе јаглерод отколку што мислевме (но сѐ уште не се опуштајте)

Земјата голта повеќе јаглерод од својата атмосфера отколку што научниците претходно мислеа, велат нови истражувања. Ова откритие може да промени некои равенки и сметки околу нашите проекции за климатските промени, иако тоа не значи дека може да се опуштиме.

Фото: ЕПА

Новите наоди велат дека околу една третина од јаглеродот внесен во внатрешноста на Земјата останува долгорочно заробен. Претходно, се мислеше дека речиси целиот повторно се појавува преку вулканските ерупции.

Бидејќи длабоките резерви јаглерод се наоѓаат таму каде што се наоѓа најголем дел од јаглеродот на нашата планета, откривањето повеќе за тоа како функционираат и се развиваат овие складишта ќе ни помогне да ги откриеме ефектите на атмосферскиот ЦО2 и можноста за живеење тука, на површината.

„Во моментов релативно добро ги разбираме површинските резервоари на јаглерод и неговите текови, но многу помалку знаеме за внатрешните резерви на јаглерод на Земјата, кои милиони години го циклираат јаглеродот“, вели научникот за материјали Стефан Фарсанг, од Универзитетот во Кембриџ во Обединетото Кралство.

Има само еден начин јаглеродот да се вовлече длабоко во Земјата, а тоа е преку субдукција на плочите: бавниот судир и искривување на тектонските плочи, кои притоа ги внесуваат во земјата остатоците од организмите и школките.

Истражувачите извеле симулирање на хемиските реакции што се случуваат во тектонската плоча, користејќи го забрзувачот на честички од Европскиот објект за синхотрона радијација. Тие успеале да го создадат интензивниот притисок и супервисоките температури во зоните на субдукција, моделирајќи го она што може да се случува во внатрешноста на Земјата.

Поточно, тимот открил дека јаглеродните карпи стануваат помалку богати со калциум, а побогати со магнезиум кога се канализираат подлабоко во мантијата - што ги прави помалку растворливи и со помала веројатност да бидат вовлечени во вулканските течности, пренесува Саенс алерт.

Наместо тоа, поголем дел од карбонатот очигледно тоне подлабоко, и на крај може да се претвори во дијамант - земајќи го со себе јаглеродот собран од атмосферата, преку океанските седименти.

„Нашите резултати покажуваат дека овие минерали се многу стабилни и сигурно можат да го заробат ЦО2 од атмосферата во цврсти минерални форми што може да резултираат со негативни емисии“, вели минералниот физичар Симон Редферн, од Технолошкиот универзитет Нанјанг (НТУ) во Сингапур.

„Овие резултати исто така ќе ни помогнат да откриеме подобри начини за заробување на јаглеродот во цврстата Земја, надвор од атмосферата. Ако можеме да го направиме овој процес побрз од неговото природно одвивање, тоа би можело да се покаже како пат што ќе помогне во решавањето на климатската криза“.

Јаглеродот постојано се извлекува од атмосферата на секакви начини - преку почвите и преку океаните на пример - и научниците разгледуваат како тоа може вештачки да се забрза во иднина.

Самостојно, овој вид процес е далеку од доволен за да ја спасиме нашата планета, која брзо се загрева од климатската криза (глобалното намалување на емисиите останува најважната работа што мора да ја направиме); но подоброто разбирање на јаглеродниот циклус што се случува помеѓу атмосферата, океаните и внатрешноста на Земјата треба да се покаже корисно во планирањето на идниот тек.

Се разбира, откривањето што се случува длабоко под површината на Земјата во долги временски размери е неверојатно тешка наука, а ниедна зона на субдукција не е иста во однос на нејзината геолошка и хемиска структура. Научниците се подготвени да спроведат дополнителни студии за да соберат повеќе податоци.

„Има уште многу истражувања што треба да се направат во оваа област“, вели Фарсанг. „Во иднина, имаме цел да ги усовршиме нашите процени со проучување на растворливоста на карбонатот во поширок опсег на температура и притисок и во неколку течни композиции.“

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе