Системот за чистење на океаните почна да ја вади пластиката од пацифичкиот „остров на ѓубрето“ (ВИДЕО)

Системот за чистење на светските океани од пластика почна да го собира ѓубрето од големиот куп отпад кој плови среде Тихиот Океан и се простира на речиси милион квадратни километри, по една година тестирање и надминување на проблемите.

„Многу сум горд што можам да споделам со вас дека сега ја собираме пластиката“, изјави Бојан Слат, основач на проектот Оушн клинап, на прес конференција во Ротердам.

25-годишниот Слат, чија мајка е Холанѓанка иа татко му е Хрват, изјави дека системот за чистење може да фаќа пластика „од сите големини“, вклучувајќи микропластика.

Целта на проектот почнат во 2013 е да се инсталираат пловечки уреди за чистење, кои ги фаќаат пластичните остатоци, на пет „дамки“ од ѓубре кои се создадени од струите во океанот.

Првиот уред е поставен кај најголемиот „остров од ѓубре“ во Тихиот Океан, околу 2.000 километри од брегот на Калифорнија.

Систем функционира така што бродот зад себе влече големи пловечки цевки исполнети со воздух и долги околу 600 метри. Змиестата бариера се формира во облик на потковица и слободно плови носена од морските струи и ветриштата. Не цевките во длабочина се поставува преграда долга околу три метри па отпадот се задржува во потковицата, а рибите и останатите морски животни можат слободна да пливаат во океанот.

Оушн клинап системот во заливот на Сан Франциско го почна во септември 2018, но беа забележани проблеми. Беше забележано дека пластиката повремено излегува од системот.

Слат кажа дека тие технички предизвици се решени и дека во тек е дизајнирање втор систем кој може да дејствува без човечка помош, и тоа на периоди подолги од првиот модел.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе