Што сѐ може наследникот на С-400: новиот С-500 гаѓа и цели во вселената (ВИДЕО)

Рускиот противвоздушен систем С-400 го „запали“регионот, на неодамна одржаната воена вежба „Словенски штит 2019“ која се одржа во Србија.

Својата моќ ја прикажа на полигонот „Пасуљанске ливаде“ и на аеродромот Батајница, а и доаѓањето во Србија предизвика реакции на дел од членките на НАТО, иако беше најавено дека ќе се врати назад во Русија.

Москва системот С-400 веќе го продаде на Турција, Индија и Кина, а за себе подготви сосема нов противвоздушен ракетен систем – С-500 „прометеј“.

На тестирањата извршени минатата година во тајност, ракетниот систем С-500 успеал да собори мета на рекордни 480 километри, дури 80 повеќе отколку што може кој било друг познат ракетен систем.

Ракетниот систем земја-воздух С-500 „прометеј“ е целосно нова генерација на универзалниот комплекс со голем дострел и пресретнување во воздух со зголемен потенцијал за противракетна одбрана.

Системот може да уништува не само балистички туку и аеродинамички цели (авиони-хеликоптери и други воздушни цели), како и крстосувачки ракети.

С-500 има ефикасен радиус на дејство од 600 километри и е во состојба истовремено да уништува до 10 балистички суперсонични цели кои летаат со брзина до седум километри во секунда. Овој систем може да уништува и борбени блокови на суперсонични ракети.

Системот „прометеј“ поради своите можности го доби прекарот „убиец на сателити“. Ова е првиот систем за противвоздушна одбрана кој ќе може да уништува противнички сателити во ниската орбита, но и да ја штити Земјата од напади од вселената.

По годините тестирање С-500 неодамна го имаше и своето прво борбено дежурство. Руските експерти решија системот да го тестираат во Сирија во многу тешки климатски услови. За секој радарски и ракетен систем прашината е главниот „непријател“. „Прометеј“ и овој тест успешно го положил.

Тестот во Сирија воедно ги поби и шпекулациите на Западот дека за реалната употребливост на новиот руски противвоздушен систем.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе