„Близнакот“ на „Адмирал Кузњецов“

Што сѐ може кинескиот носач на авиони? (ВИДЕО)

Кинеските медиуми постираа на интернет снимка од последната воена вежба во Јужното Кинеско Море во која учествуваше единствениот кинески носач на авиони „Лиаонинг“.

Кинеската телевизија ЦЦТВ направи репортажа од маневрите на носачот на авиони „Лианонинг“, прв и единствен на Народноослободителната војска на Кина.

Носачот почнал да се гради во 1985 година во бродоградилиштето во Николаево за воената морнарица на СССР, како втор носач на авиони од прокетот 1143.6, но по распаѓањето на Советскиот Сојуз недовршениот брод го доби Украина.

Неколку години подоцна неговата изградба беше откажана и носачот ѝ беше продаден на Кина за 25 милиони долари, со цел да се пренамени во пловечки центар за одмор. Кинезите се премислија и го довршија во бродоградилиштето Даланг, со што го добија својот прв носач на авиони.

Прашањето на потпишување договор за добрососедство со Бугарија е вештачко прашање.

повеќе

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

повеќе

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе