Што ќе се случи по затворањето на Меѓународната вселенска станица

НАСА е во ризик да го загуби своето присуство во орбитата откако ќе згасне Меѓународната вселенска станица.

Фото: Пиксабеј

Без функционална база во вселената, загрозен е планот на агенцијата од единствен давател на услуги во орбитата да стане клиент на компаниите што ќе работат таму.

НАСА се надева дека наместо да раководи со своја вселенска станица, ќе има можност да испраќа свои астронаути приватно да одржуваат вселенски станици во орбитата кога ќе се затвори ИСС.

НАСА овој месец упати последен повик со барање компаниите да ги достават своите идеи за вселенски станици што би можеле да ги градат и да ги раководат, каде што астронаутите би можеле да одат и да вршат експерименти.

Тие вселенски станици треба да бидат во функција и да работат додека да заврши ИСС до 2030 година или порано.

НАСА ќе им додели пари на компаниите избрани за одредени задачи, но агенцијата нема целосно да го финансира развојот на овие вселенски станици, според повикот за предлози.

Беа потребни девет години за Драгон на Спејсекс да ги однесе астронаутите на НАСА во вселенската станица по завршувањето на програмата за вселенски шатлови, долг јаз за време на кој НАСА мораше да плаќа за да испраќа луѓе на руската ракета „Сојуз“.

Тој тип на јаз е неприфатлив кога ќе се затвори вселенската станица, според Фил Мекалистер, директор на НАСА за комерцијални вселенски летови.

„Сметаме дека (јазот) ќе ги десеткува и екипажните и товарните капацитети што ние помогнавме да се развијат, а исто така ќе ги десеткува сите истражувања што успеавме да ги постигнеме за време на 20-те години континуирано присуство на ИСС“, рече Мекалистер за Аксиос.

Доколку НАСА не може да продолжи да ги испраќа своите астронаути во некоја вселенска станица, тоа може да влијае на плановите на вселенската агенција за истражување во иднина.

НАСА се надева дека ќе испрати астронаути на Месечината во 2024 година, а потоа следуваат повеќе лунарни мисии, а потоа некогаш и Марс. Но би било корисно и за вселенската агенција да има астронаути во ниската Земјина орбита за да стекнат искуство пред да заминат на некоја далечна дестинација.

„Одржувањето на тоа присуство во ниската Земјина орбита ни овозможува нам и на нашите партнери да имаме голем број астронаути... и да стекнеме знаење во однос на тоа како човечкото тело реагира долгорочно (на вселенскиот лет), и тоа е нешто што можеме да го направиме само во пониската Земјина орбита“, рекол Мајк Голд од Редваер спејс.

Вселенската агенција, исто така, сака да го одржи човечкото присуство во ниската орбита на Земјата делумно за да ја задржи својата позиција како водечка вселенска сила, бидејќи Кина работи на изградба на сопствена вселенска станица, а исто така има цел да однесе луѓе на Месечината.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе