Што ако Месечината утре исчезне?

Месечината го држи стабилен наклонот на Земјата од 23,5 степени. Без нашиот сателит, планетата ќе се нишаше, со драматично влијание врз годишните времиња и климата.

Најблискиот објект до нашата планета, Месечината, може да изгледа како помала сестра на Земјата. Од своето раѓање, сателитот претежно е тука, водејќи гравитациски натпревар во тегнење јаже. Но што ќе се случи ако Месечината утре исчезне?

„Пред три милијарди години, кога Месечината била поблизу до Земјата, многу работи се менувале прилично драматично“, вели Метју Сиглер, лунарен научник во Институтот за планетарна наука во Далас, Тексас. „Во моментов Месечината е доволно далеку за повеќето работи што ги прави за нас да бидат мошне долгорочни, како стабилизирање на нашата орбита во текот на стотици илјади години“.

 

Чао, Месечино

Ако сите се разбудиме едно утро, а Месечината ја нема, повеќето од нас веројатно нема ни да забележат.

Оние што живеат во близина на океаните ќе видат дека плимата и осеката се намалени, но не и целосно отсутни. Иако месечината создава најголем дел од гравитацијата што ги предизвикува нашите плими и осеки, сонцето исто така игра улога. Крајбрежните жители ќе забележат плима и осека за половина послаби од сега.

„Не би било комплетно уништено сурфањето како спорт“, вели Сиглер. „Ама сурфањето би било тиња“.

Иако небото без месечина нема да влијае на голем дел од нашиот секојдневен живот, тоа ќе го испреврти наопаку начинот на живот на многу ноќни животни. Животните како што се молците еволуирале со милиони години навигирани од светлината на Месечината и ѕвездите. Новородените желки ја користат светлината на Месечината за да го пронајдат патот до океанот - а веќе доволно се мачат поради вештачките улични светла, кои ги намамуваат во погрешна насока.

Месечински влијанија врз Земјата

Одлутаната Месечина ќе влијае и на движењето на Земјата околу нејзината оска. Месечинската гравитација во моментов ја зголемува должината на денот за околу два милисекунди на век. Сепак, ако тоа зголемување престане утре, тоа не би било многу забележливо во нашите човечки временски размери.

Меѓутоа, ако Месечината исчезнела пред милијарди години, нашата ротација денес ќе беше многу поинаква.

Во почетокот Земјата имала 4-часовни ротации, што Месечината полека и упорно го успорила на 24-часовните деноноќија што ги имаме сега. Без присуството на Месечината во сите тие години, ние сè уште ќе се вртевме многу побрзо - и уште повеќе ќе мислевме дека ни фалат доволно часови во денот.

 

Причината за годишните времиња

Месечината, исто така, ја држи наваленоста на Земјата стабилно на 23,5 степени. Без таа стабилност, Земјата многу повеќе ќе се нишаше, што драматично ќе влијаеше на годишните времиња и климата на планетата.

„Ништо од ова што го знаеме за годишните времиња немаше да го има“, вели Пол Сатер, астрофизичар во Институтот Флатирон. Под одреден агол, „Некои места на планетата речиси и немаше да видат сонце, а на други сонцето на крај со месеци ќе ни беше над глава“.

Промената во наклонот на Земјата би се случила постепено, така што нема да забележиме веднаш или веројатно дури ни во текот на животот. Но за животните што со милиони години еволуирале живеејќи во синхронизација со годишните времиња, би било тешко да се приспособат, дури и во нешто што нам ни се чини како долг временски период.

 

Месечински музеј

Губењето на Месечината би значело и губење на многу информации за младата Земја. Благодарение на тектонската активност, на Земјата нема вистински стари карпи. Но геолошки неактивната Месечина служи како складиште на информации за тоа какви биле Земјата и сончевиот систем пред милијарди години.

На пример, бројот на кратери на Месечината им кажува на научниците дека пред околу 4,1 до 3,8 милијарди години постоел период на тешко бомбардирање од астероиди. Хемиската анализа на карпите во Месечината, исто така, ни помогна да научиме колкав дел од водата на нашата планета е донесен на Земјата од комети и астероиди.

„Тоа ни дава евиденција (за) да разбереме што се случувало тогаш“, вели Сиглер. „Затоа што сметаме дека Месечината и Земјата се заедно формирани во џиновски судир, учењето за Месечината е учење за формирањето на Земјата“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе