Што ако Големата експлозија всушност била Голем отскок?

Нови компјутерски симулации покажуваат поинаков начин на размислување за вселената: како цикличен универзум што нема почеток ниту крај.

Стандардната приказна за раѓањето на вселената оди некако вака: пред скоро 14 милијарди години, огромно количество енергија се материјализирала од нигде-никаде - Големата експлозија. Во еден краток момент на брза експанзија, таа експлозија од енергија ја надувала вселената како балон.

Експанзијата ја исправила секоја голема кривина и го создала универзумот, за кој се чини дека е рамен.

Материјата, исто така, во тоа време се измешала и формирала универзум што е речиси безличен.

И иако грутките материја ги создале галаксиите и ѕвездите, тие се само мало делче од поголемата, вселенска загатка.

Теоријата на инфлација што произлегла од тоа се совпаѓа со сите научни набљудувања до денес и повеќето астрофизичари ја поддржуваат.

Сепак, за некои истражувачи инфлацијата е проблематична затоа што имплицира дека брзото ширење на универзумот никогаш не престанува.

Како резултат на тоа, на инфлацијата не ѝ останува ништо друго освен да произведе мултиверзум - кој се состои од бесконечен број вселени. Во една од нив живееме ние.

Но некои научници ја критикуваат оваа теорија и бараат други објаснувања. За нив, инфлацијата предвидува сè, што значи дека на крај не предвидува ништо. „Инфлацијата не функционира како што требаше да функционира“, рече Пол Штајнхард, архитект на инфлацијата, кој стана еден од нејзините најистакнати критичари.

Во последниве години, Штајнхард и други развиваа поинаква приказна за тоа како настанал нашиот универзум. Тие ја оживеаја идејата за цикличен универзум: оној што периодично расте и се стеснува. Намерата на истражувачите е да дојдат до рамниот и мазен универзум што го гледаме, без проблемите поврзани со Големата експлозија.

За таа цел, Штајнхард и неговите соработници неодамна се здружиле со истражувачи што се специјализирани за компјутерски модели на гравитација. Тие анализирале како колабирачкиот универзум би ја променил својата сопствена структура и на крај откриле дека контракцијата, стегањето, може да ја победи инфлацијата на нејзин сопствен терен.

„Многу е важно тоа што тие тврдат дека го сториле“, рече Леонардо Сенаторе, космолог од универзитетот Стенфорд, кој ја анализира инфлацијата користејќи сличен пристап. Постојат аспекти на трудот што тој сè уште немал шанса да ги испита, рече тој, но на прв поглед „изгледа дека успеале“.

 

Стеснување на погледот

И, колку невообичаено и да изгледал универзумот пред да се стесни, неговиот колапс би избришал сите почетни проблеми.

Тимот на професорот Штајнхард замислил универзум што се шири во текот на трилион години, погонуван од мистериозната темна енергија.

Кога ова енергетско поле на крај ќе се проретчи, вселената почнува благо да спласнува.

Во текот на милијарди години, факторот на пропорционално смалување прави сите нешта повеќе да се приближуваат едно кон друго, но не до степен на сингуларност.

Драматичната промена доаѓа од радиусот што го опфаќа Хабл - сферичен регион од Универзумот што можеме да го набљудуваме - кој се залетува навнатре и станува микроскопски.

Стегањето на универзумот го надополнува енергетското поле, кое го загрева космосот и ги испарува неговите атоми.

Потоа се појавува отскок, а научниците шпекулираат дека тој го одржува вселенскиот циклус, кој почнува одново и одново.

Во текот на минатата година и пол, новиот поглед кон цикличниот, или „екпиротскиот“ универзум произлезе од соработката помеѓу Штајнхард, Ана Ијас, космолог во Институтот Макс Планк за гравитациона физика во Германија и други.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе