Шефот на НАСА за човечки летови ненадејно поднесе оставка неколку дена пред „историската“ вселенска мисија

Даг Ловеро се повлече пред мисијата во која следната недела двајца астронаути се испраќаат на Меѓународната вселенска станица со летало на Спејсекс.

Фото: Спејсекс

Водечка фигура во НАСА, одговорна за програмите за вселенски летови на агенцијата, ненадејно поднесе оставка само неколку дена пред од американско тло да полетаат астронаути во вселената првпат откако програмата Вселенски летала беше пензионирана пред скоро една деценија.

Даг Ловеро, функционерот надлежен за летови на луѓе во вселената, замина во понеделникот, рече НАСА.

Следната недела, Спејсекс на Илон Маск треба да однесе двајца американски астронаути на мошне очекуваниот пробен лет во капсулата Драгон од Флорида до Меѓународната вселенска станица.

„Следната недела ќе го означи почетокот на новата ера во човечките вселенски летови со лансирањето на астронаутите на НАСА, Боб Бенкен и Даг Харли, до Меѓународната вселенска станица“, се вели во соопштението од вселенската агенција. „Овој пробен лет ќе биде историски и значаен повод за враќање на човечките вселенски летови во нашата земја, а неверојатната посветеност на мажите и жените на НАСА е она што ја направи оваа мисија можна“.

НАСА во вчерашното соопштение рече дека Ловеро во понеделникот поднел оставка од својата функција вонреден управител за човечки истражувања и операции. Портпаролот не одговорил на медиумските прашања за причините на ненадејното заминување на Ловеро.

Но веста ја шокира вселенската заедница, објави Спејс њуз.

Вашингтон пост објави дека причината за неговата оставка е тоа што прекршил едно од правилата за време на неодамнешната набавка на вселенско летало на НАСА за спуштање луѓе на Месечината.

Легенда под Главна слика

Фото: Спејсекс

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе