Сериозно предупредување на 11.000 научници: На човештвото му се заканува незамисливо мачење

Над 11 илјади научници од 153 држави прогласија вонредна состојба за климата предупредувајќи дека таа може да предизвика „незамисливо мачење“ ако не се преземе акција за зачувување на биосферата.

„Научниците имаат морална обврска јасно да го предупредат човештвото на која било голема егзистенцијална закана“, велат потписниците на текстот објавен неделава во магазинот Биосајенс.

„И покрај 40 години светски преговори за климата, со неколку исклучоци, генерално продолживме со вообичаеното однесување и поприлично пропуштивме да се справиме со тоа чувствително прашање“, пишуваат научниците кои ги предводат Вилијам Рипл и Кристофер Волф од универзитетот на американската сојузна држава Орегон.

„Климатската криза пристигна и се зголемува побрзо отколку што повеќето научници очекуваа“, пишуваат научниците.

Тие препорачуваат шест чекори кои би требало да ги ублажат најпогуните ефекти на климатските промени: да се заменат фосилните горива со нискојаглеродни обновливи извори, да се намалаат емисиите на загадувачите како метанот, да се заштитат екосистемите на Земјата, да се јаде главно храна базирана на растенија, а помалку на производи од животинско потекло, да се создаваат економии без користењето јаглерод, да се стабилизира светската популација која се зголемува за повеќе од 200.000 луѓе секој ден.

Намалувањето на отпадоците од храната е критичен проблем бидејќи научниците истакнуваат дека најмалку третина од сета храна што ја произведуваме завршува во ѓубре, а во производството на таа храна се создаваат големи непотребни емисии на гасови со ефект на стаклена градина.

„Нашите цели мора да се свртат од растот на БДП и стремежот кон богатство кон одржување на екосистемот и подобрување на човечката добросостојба приоретизирајќи ги основите потреби и намалувајќи ја нееднаквоста“, наведуваат научниците.

Тие велат дека се охрабрени од неодамнешните манифестации на младите луѓе кои секој петок ги предупредуваат владите да тргнат во кација за спас на планетата како и други суштински кампањи.

Како Сојуз на светски научници потписниците истакнуваат дека се спремни да им помогнат на владите и на сите кои носат одлуки во работењето и во развојот во остварување на праведен премин врз обновлива и праведна иднина.

Човештвото треба да постапува „за да се одржи животот на Земјата, нашиот единствен дом“, се наведува.

Стотици милиони луѓе би можеле да останат без своите домови поради порастот на нивото на морето во следните 30 години, покажува студија објавена пред една недела во Нејчр компјуникејшнс.

Очекуваниот пораст на морето во тој период е од 0,6 до 2,1 метри.

Така до 2050 година површината на која во моментов живеат околу 300 милиони луѓе ќе падне под надморската височина на просечна поплава, додека до 20100 површина со 200 милиони жители трајно ќе падне под стандардизираното ниво на плимата.

Нивото на морето од 1992 во просек се кренало за дури 7,6 сантиметри, а на некои места и за речиси 23 сантиметри. Со ова темпо е можно до 2100 нивото на морето да се крене за 65 сантиметри, а Земјата да се загрее за дополнителни 3 степени.

Нашата планета забрзано се загрева, што особено се забележува по топењето на глечерите од Гренланд до Антарктикот.

Ледената плоча на Гренланд, која може, ако се стопи, да го зголеми нивото на морето за 6 метри, се топи најбрзо. Меѓу 2006 и 2015 загубила во просек повеќе од 275 гигатони лед годишно.

Ледената покривка на Антарктикот исто така рапидно исчезнува. Губењето на нејзината маса тројно се зголемило меѓу 2007 и 2016 во однос на претходните десет години.

Околу 70 отсто од најзагрозените доаѓаат од Азија. Станува збор за осум земји – Кина, Јапонија, Индија, Индонезија, Тајланд, Филипини, Виетнам и Бангладеш.

Кинеските нисколежечки градови се особено ранливи, а од главните градови под ризик се виетнамски Ханој, бангладешка Дака и индиска Калкута, престолнината на Западен бенгал.

Научниците ја делат климатската историја на светот од последните неколку века во неколку големи ери, од „топлиот римски период“ кој траел од 250 до 400 година од нашата ера кога низ Европа било необично топло, до „малата ледена доба“ и опаѓањето на температурите од 14 век навака.

Некои овие настани ги сметаат како докази дека светот се загревал и ладел во повеќе наврати низ вековите и дека затоплувањето присутно од индустриската револуција е само дел од тој процес и нема причини за грижа.

Новите истражувања сериозно ја разнишуваат логиката на оваа теза.

Научни тимови ги реконструирале климетските услови од последните 2000 години користејќи показатели на климатските промени како годови, корали и езерски талози. Дошле до заклучок дека ништо од наведеното не се случило на глобално ниво.

Тие утврдиле и дека „малата ледена доба“ била најсилна во регионот на Тихиот Океан во 15 век, а во Европа во 17 век.

Претходните периоди на голем пораст или пад на температурите не зафатиле повеќе од половина од Земјината топка во исто време.

„Топлиот средновековен период“ кој траел од 950 до 1250 не зафатил повеќе од 40 отсто од Земјата.

Денешното затоплување, пак, е присутно на најголемиот дел од нашата планета.

„Најтоплиот период во изминатите два милениуми бил во 20 век и зафатил 98 отсто од планетата“, се наведува во еден од извештаите.

„Ова пружа конкретни докази дека глобалното загревање предизвикано од човечкото дејствување предизвикало никогаш претходно видени промени не само во порастот на температурите, туку и во неговото просторно разместување во изминатите 2000 години“, се додава.

Научниците тврдат дека во периодите пред модерната индустриска револуција главната причина за загревањето биле вулканите и дека нема докази за какво било влијание од зрачењето на Сонцето врз температурите на Земјата.

Актуелниот период ја надминува природната варијабилности, тврдат научниците.

„од инструменталните податоци, а и од реконструкциите, гледаме дека нивото на затоплувањето во поново време го надминува истото предизвикано од природни фактори“, тврди д-р Рафаел Неуком од универзитетот во Берн.

Иако целта на истражувањето не било да се докаже дека главната причина на денешното загревање е човечкото дејствување, неговите наоди без сомнеж покажуваат дека тоа е случајот.

„Во истражувањето не се базиравме врз наоѓање на причината на глобалното загревање, бидејќи тоа го правевме многу пати и доказите секогаш покажуваат дека станува збор за човечкото дејство врз климата“, тврди д-р Неуком.

„Нашите истражувања само покажаа дека природните фактори сами по себе не можеле да предизвикаат глобално затоплување на ова ниво, без оглед дали станува збор за порастот на температурите, или за просторното разместување“, додаде тој.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе