Серија астероиди неделава ќе пројурат крај Земјата

Помеѓу среда и недела 11 вселенски карпи треба да прозујат крај нашата планета на различни растојанија. За најголемиот од овие објекти (НЕО, објекти блиски до Земјата) се верува дека е широк до 140 метри, според набљудувачите на астероиди.

Само в среда ќе поминат три вакви вселенски тела, додека в сабота ќе прозујат четири, според податоците на НАСА. Најголемиот од „бандата“, астероидот наречен 2019 Ес-икс 5, се очекува да помине в четврток.

НЕО се комети и астероиди чии орбити ги носат релативно близу до нашата планета.

Бидете спокојни - се очекува сите 11 карпи што ќе пролетаат крај нас наредниве денови безбедно да нè одминат.

Според Европската вселенска агенција (ЕСА), од 600.000 познати астероиди во нашиот сончев систем, околу 20.000 се НЕО, а 800 се на списокот на агенцијата на ризични тела што треба да се следат.

Голем број вселенски агенции низ целиот свет постојано ги следат астероидите и работат на наоѓање начини да се уништат или отклонат сите што може да претставуваат сериозна закана за Земјата. НАСА и ЕСА во 2021 година треба да почнат заедничка мисија на внесување вселенско летало во астероид за да видат како тоа може да влијае на траекторијата на карпата.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе