Се затвори досега најголемата озонска дупка на Арктикот

Тоа беше најголемата дупка досега забележана над Северниот Пол.

Се затвори најголемата досега забележана дупка во озонскиот слој над Северниот Пол. Тоа беше најголемата озонска дупка досега забележана над Арктикот, за која се вели дека е најголемата што научниците ја виделе скоро една деценија. Дупката се формирала претходно годинава, а научниците ја открија дури во март - и таа заздраве исто толку брзо како што и се формираше. Експертите од Атмосферската мониторинг-служба Коперник (КАМС) ја следеа дупката, истакнувајќи дека дотогаш „невидениот“ расцеп бил предизвикан од особено силен арктички поларен вител, а не од човечка активност. „Ѝ доаѓа крајот на досега невидената озонска дупка на северна хемисфера од 2020 година“, напиша групата на Твитер. „Поларниот вител се расцепи, пуштајќи воздух богат со озон во Арктикот. Оваа арктичка озонска дупка всушност нема никаква врска со карантините поврзани со коронавирусот, туку беше предизвикана од невообичаено силен и долготраен поларен вител“. Сепак, ова се неверојатни вести за животната средина и за климатските промени.

 

Што е поларен вител?

Поларниот вител е група од ветрови што кружат спротивно на стрелките на часовникот, најдени околу северниот пол, која го држи студениот воздух заробен околу регионот на Арктикот. Обично е послаб во текот на летото и посилен во зима. Кога температурите паѓаат доволно ниско, може да се формираат облаци што може да предизвикаат хемикалии што го уништуваат озонот, како хлор и јаглерод. Дупката беше забележана на 18 километри над површината на Земјата - озонот обично се наоѓа помеѓу 15-35 километри над површината на Земјата.

Озонската обвивка е природен, заштитен слој на гас што нè штити од штетните УВ-зраци на сонцето. Дупката е мала во споредба со онаа над Антарктикот, која беше откриена пред скоро 40 години. Лани антарктичката дупка била најмала, велат научниците, кои се оптимисти дека може да продолжи да се затвора.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе