Од астроном-аматер

Сателитите на Спејсекс снимени во Земјината орбита (ВИДЕО)

Неделава Спејсекс успешно ги лансираше своите први 60 сателити Старлинк во Земјината орбита. Астроном-аматер во Холандија ги забележал како орбитираат околу Земјата по лансирањето и ги снимил на видео.

Астрономот д-р Марко Лангбрук на својот блог вели дека пресметал каде ќе орбитираат сателитите и чекал со својата камера. Резултатот е спектакуларен: низа светли точки што летаат низ небото, поттикнувајќи некои луѓе да пријават дека виделе НЛО.

Лангбрук изброил најмалку 56 различни објекти и истакна дека „возот“ секоја ноќ ќе поминува по 2-3 пати, а на крај ќе се распрсне кон своите дестинации.

Сателитите се дел од поамбициозните проекти на Спејсекс: огромна флота од сателити што орбитираат на висина од околу 550 до 330 километри, кои ќе обезбедуваат интернет-конекција околу Земјата. Овонеделното лансирање на Спејсекс е прво од многуте, а планирано е во следните години во орбитата да бидат лансирани речиси 12.000 единици.

 

Објавено

Недела, Мај 26, 2019 - 21:21

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе